Новости

Живот

Коучинг: Како да ги преобразувате своите мисли?

Професионален тренер и основач на Synergy Talents, Ханс Бустер, вели дека само треба да се мисли позитивно и се ќе биде во ред. Но, зарем е тоа толку едноставно? Да се претворат мислите од негативни во позитивни не е нешто што се прави со притискање на копче и ретки се луѓето кои моментално можат тоа да го сторат.

Што е всушност суштината на позитивното размислување?

Суштината на позитивното размислување не значи насмевка на лицето кога не ви е до тоа. Позитивното размилуивање подразбира дека во секој момент можете да имате поширока слика за работите, менталниот и емотивниот став да не постои нерешлива ситуација. Таа способност е од пресудно значење за вашето долгорочно здравје и успех, способност во секој „пораз“ да видите прилика за учење и созревање.

Кои се ефектите од позитивното размислување на вашите вештини

На пример, ако се движите во шума и наеднаш ви се појави змија на патот. Веројатно ќе се исплашите и би започнале да трчате и единствено нешто на што ќе мислите во тие моменти ќе биде како да побегнете што подалеку од опасноста.

Негативната емоција, како што е стравот, ги програмира вашите акции, односно го намалува просторот за размислување. Да избегате од местото на настанот можеби и не е единствена опција. Можеби би требало да се искачите на најблиското дрво, но вашиот мозок во тие моменти е фокусиран само на стравот како негативна емоција која не ви дозволува да мислите пошироко и да барате поинакви опции.

Од друга страна, истражувањата покажуваат дека кога луѓето ги поврзуваат позитивните емоции со некои ситуации, изразуваат многу поголема креативност. Со други зборови, кога ве обземаат позитивни чувства гледате многу повеќе опции во секоја ситуација и станувате поотворени. Она што е уште по значително е дека таквите емоции иницираат развој на вештини кои траат многу подолго од позитивните чувства.

Како да почнете да мислите позитивно?

Многу едноставно. Обидувајте се што почесто да се ставате во ситуации во кои во вас ќе има само позитивни емоции.

Еве неколку предлози:

Медитација – медитирањето носи многу позитивни емоции и луѓето кои медитираат имат многу повеќе развиени вештини.

Пишувајте – секој ден запишете ги вашиите позтивни искуства кои сте ги доживеале. Истражувањата покажуваат дека ова го подобрува расположението и имунитетот со текот на годините.

Играјте си – оставете време во својот дневен распоред и за забавни активности. Дајте си себеси дозвола повеќе да се смеете и истражувајте.

 

GOLD
To Top