Новости

Живот

Неколку совети за успешно практикување на законот за привлекување

Сите сме пораснати со идејата дека ако работиме напорно, евентуално ќе станеме успешни и ќе заработиме многу пари. А оваа идеја пак нè учи дека материјалното богатство е она што нè прави среќни. Како резултат, сметаме дека напорната работа ќе ни помогне да ја пронајдеме среќата. Но, што ако има грешка во оваа равенка? Што ако потребно е прво да ја пронајдете среќата за да го постигнете посакуваниот успех? Токму на ова нè учат принципите на законот за привлекување.

Секогаш кога се чувствувате добро и си дозволувате да се движите со текот, вие се доближувате до вашата цел. Но, кога напорно се обидувате да направите да се случи нешто, вие се движите спротивно од текот и го блокирате манифестирањето на вашите цели. Или едноставно кажано, ако имате негативни емоции ќе ви биде тешко. Ако имате позитивни емоции, ќе се движите напред. Потребно е да го исполните вашиот живот со многу среќни моменти. Ова значи да правите работи кои ве прават среќни и кои ќе ви помогнат да го изградите животот што го сакате. Добрите вести се тоа што секогаш вие ја имате контролата. Никој не е одговорен за вашата среќа освен вие самите. Овие едноставни совети од законот за привлекување ќе ви помогнат секојдневно да создавате среќа во вашиот живот.

1.Проверувајте ги вашите емоции

Нека ви стане навика да се прашувате: „Како се чувствувам сега?“ Ако се чувствувате добро, тогаш сте на вистинскиот пат. Ако се чувствувате анксиозно или депресивно (или која било емоција што не ви се допаѓа), потребно е да промените нешто. Ако сметате дека ќе заборавате да си го поставувате ова прашање, секогаш можете да наместите потсетник на вашиот телефон.

2.Забележувајте ги емоциите без да „заглавите“ во нив

Многу е лесно кога се чувствувате лошо да мислите само на тоа. Знаете дека не сакате да се чувствувате така, па затоа си судите. Престанете да го правите ова. Едноставно обележете ја емоцијата што ја чувствувате: „Се чувствувам разочарано.“

3.Преземете одговорност и направете промена

Во моментот кога ќе сфатите дека се чувствувате лошо, можете да си дозволите да го чувствувате тоа без судење или пак да направите нешто што знаете дека ќе ви го подобри расположението. На пример, ако се чувствувате лошо поради некоја караница, наместо постојано да мислите на неа изгледајте некој филм или прочитајте некоја книга. Ова ќе ја спречи негативната емоција и ќе ви помогне да ја промените вашата енергија. Штом ќе се чувствувате подобро, полесно и посмирено ќе му пријдете на проблемот и ќе дојдете до решение што можеби не сте го гледале додека сте биле гневни.

4.Чувствувајте се добро што е можно почесто

Не чекајте никакви околности за да се чувствувате подобро. Можете да создадете среќа овде и сега и нема потреба да го чекате тоа од некој друг. Започнете со правење листа на активности кои прават да се чувствувате добро. Оваа листа ќе ви помогне свесно да ги одбирате активностите кои ќе ви го подобрат расположението.

Запомнете, вие ја контролирате вашата среќа, а радоста и возбудата ќе ви помогнат да ги остварите вашите цели.

Извор: Кафепауза.мк

 

GOLD
To Top