Новости

Живот

Не се обидувајте да ги промените другите….бидете пример!

– Бидете љубезни. Никогаш не можете да знаете како се чувствува другиот. Не обременувајте го дополнително.

–  Потрудете се да разубавите нечиј ден. И двајцата ќе имате корист од тоа.

– Покажувајте сочувство кон секого, без оглед на неговите дела. Повредените луѓе ги повредуваат и другите.

– И, простете им. Простувањето не значи дека се согласувате со она што ви го направиле, туку дека се ослободувате од негативните емоции што можат да ве ограничат и да ви наштетат.

– Начинот на кој се однесувате кон другите и каков впечаток создавате се наследство што го оставате зад себе.

– Лошите работи им се случуваат на добрите луѓе. Пронајдете ги лекциите што се закопани длабоко во страдањата. Тие се таму.

– Плачете почесто. Чувството е неверојатно.

– Уживајте во процесите. Често се фокусираме на крајниот резултат, па ги пропуштаме малите чуда што се случуваат на патот кон нивното остварување.

– Негувајте ги своите релации. На крајот од животот никој не вели: „Жалам што не работев повеќе“. Голем број луѓе велат: „Жалам што не им кажував почесто дека ги сакам“.

– Не одбивајте ја шансата само затоа што се плашите. Користете го стравот како компас. Тој нека ве води во правец кој најдобро ќе ви помогне да ја подобрите вашата личност.

– Однесувајте се кон другите како што би сакале да се однесуваат кон вас. Никогаш не правете им го она што не би сакале да ви го направат.

– Бидете си пријател самиот на себе. Однесувајте се кон себе како што би се однесувале кон некој што го сакате. Премногу време самите на себе сме си непријатели.

– Смејте се повеќе.

– Бидете благодарни. Не само за големите и убавите работи во вашиот живот. Бидете благодарни за сè.

– Живејте во сегашноста. Минатото е завршено. Иднината сè уште ја нема. Планирајте ја иднината, но не трошете ја целата ментална енергија и време на тоа затоа што ќе го пропуштите она што сега ви се случува.

– Вашето здравје е темелот на кој се гради целиот ваш живот. Кога темелот е слаб, сè што е изградено врз него може да се сруши. Почнете да градите цврст темел уште денес.

– Промената е добра. Таа ги „проширува“ вашите граници. Како што растат тие, така растете и вие.

– Забавете. Животот носи поголемо задоволство кога се движите со лежерно темпо.

– Не обидувајте се да ги промените луѓето. Инспирирајтеги со своите дела.

– Учиме од грешките. Само внимавајте да не ги повторувате постојано истите.

Извор:Факултети.мк

To Top