Новости

Живот

„Славете ги вашите мали победи“

Еве дваесет правила и совети кои можете да ги следите секојдневно, за полесен и поубав живот. Исто така, ќе бидете и попродуктивни, но ќе го сочувате и здравјето.

1.    Утрото е попаметно од вечерта. Денес ова можеби звучи тешко, но утре е нов ден.

2.    Сонот е најдобар лек.

3.    Никогаш не заспивај налутен. Зборувај за она што те мачи пред да заспиеш.

4.    Повеќе слушај отколку да зборуваш. Кога зборуваш, тоа нека биде нешто значајно.

5.    Разбуди се рано и никогаш немој да го трошиш утрото залудно.Тоа е најпродуктивното време.

6.    Простувај лесно, но заборавај пополека. Почни од себе.

7.    Музиката го менува твоето расположение моќно и брзо, подобро од која било дрога.

8.    Вие сте просек од пет луѓе со кои најмногу го поминувате времето. Затоа, бирајте ги пријателите многу претпазливо.

9.    Обидете се да шетате секој ден.

10.    Најдете начин да уживате во секој момент. Секогаш застанете да ги мириснете розите…

11.    Обидете се да ги разберете и автоматизирате вашите финансии колку што е можно, без оглед колку е лоша ситуацијата. Тие се најголемиот извор на стрес во животот.

12.    Прифаќајте ги луѓето околу себе онакви какви што се и не се обидувајте да ги промените. Ако не се добри според вас, едноставно заминете.

13.    Престанете да им дозволувате на другите да дефинираат кои сте вие. Дружете се со луѓе кои го збогатуваат вашиот живот емотивно, духовно, интелектуално – и кои ви посакуваат да успеете. Ослободете се од другите.

14.    Секогаш гледајте на животот од долгорочно гледиште. Бидете трпеливи.

15.    Настојувајте да не оставите ниту една личност во полоша состојба отколку кога ја сретнавте. Дајте сè од себе да придонесете со нешто корисно во нивните животи.

16.    Исчистете го нередот околу себе. Ако чекате, ќе стане поголем и ќе треба многу повеќе време за да го исчистите.

17.    Исклучете се од сите уреди (мобилен телефон, лаптоп, а пожелно и од ТВ) барем еднаш неделно.

18.    Внимателно бирајте што ќе конзумирате, почнувајќи од состојќите во храната и пијалоците, до музика, филмови, уметност, книги. Ако внесувате ѓубре во себе, во својот мозок, тоа и ќе станете.

19.    Секогаш ценете ги искуствата, повеќе од парите. Искуствата ги шират вашите видици, материјалните добра ви го стеснуваат умот.

20.    Направете нешто убаво за себе, одвреме-навреме. Славете ги вашите мали победи.

Извор:Факултети.мк

Evrotip
Евротип
To Top