Новости

Живот

Среќните луѓе имаат неколку заеднички карактеристики

Среќата е тешка за пронаоѓање. Постојат толку многу истражувања  наменети да ни помогнат да ја пронајдеме и ни објаснуваат што ја оттргнува. Еве неколку работи што им се заеднички на среќните луѓе:

1.Го одбираат времето пред парите

Посреќните луѓе избираат да имаат повеќе време отколку повеќе пари, според истражување објавено минатата година.

2. Исто така, се чувствуваат сигурно и кога имаат повеќе пари

Истражување покажало дека психичката благосостојба се подобрува ако ни се зголемуваат и приходите. Со други зборови, сакаме да имаме доволно пари за да се чувствуваме пријатно и да можеме да си дозволиме животни задоволства.

3. Ги трошат парите на искуства

Парите потрошени на искуства, а не на предмети ги прават луѓето посреќни. Истражувачите откриваат дека тоа носи поголема возбуда и задоволство отколку материјалните добра.

4. Имаат добри врски

Еден од клучните моменти на среќа се блиските врски. Ако имате квалитетна врска со семејството, пријателите, партнерот, ќе бидете во подобро физичко и психичко здравје.

5. Дремка

Истражување покажало дека постои поврзаност помеѓу кратката дремка и среќата. Кратките одмори и преспивања од околу 30 минути ве прават попродуктивни и покреативни.

Извор: факултети.мк

Karmen
To Top