Новости

Живот

Таблетите и паметните телефони – Дигитална дрога што ги хипнотизира вашите деца

Дали некогаш сте помислиле дека детето што гледа во мобилниот уред или во таблет изгледа како да е дрогирано или хипнотизирано? Всушност, постои истражување што го поддржува ова мислење, а е спроведено од Светскиот конгрес на анестезиолози.

На група деца истражувачите им дале седатив (мидазолам) пред операција, додека другата група деца наместо тоа, добиле таблет да играат 20 минути. И двете групи  потоа примиле анестезија.

Истражувачите откриле дека играњето игри на таблетот ја намалува анксизоноста ефикасно како и седативот.

Секако, нема докази дека и таблетите предизвикуваат исти физиолошки промени како седативите. Но сè поголем број докази потврдуваат дека претераната употреба на уреди може да предизвика сериозни психолошки, емоционални, па и физички проблеми кај децата.

Истражувачите го насочуваат вниманието на ризиците предизвикани од попуштањето на родителите: давање мобилен телефон за да го смират или замолчат детето, ако детето се расплакало. Според психолозите, ова може да ги спречи децата да научат како да ги контролираат своите чувства и тоа може да ги научи да бидат зависни од надворешните извори на задоволства кога се вознемирени.

„Одамна е докажано дека премногу гледање телевизија го намалува развојот на детето кога е во прашање јазикот или социјалните вештини“, вели истражувачот и педијатар Џени Радески од Универзитетот во Бостон.

„Мобилните уреди, на сличен начин како и телевизорите, придонесуваат детето помалку време да помине во интеракција со другите луѓе, што го прави асоцијално. Ако овие уреди стануваат начин на кој родителите секојдневно ги смируваат децата, како тогаш децата ќе ги развијат своите внатрешни механизми на саморегулација?“, вели таа.

„Прекумерната употреба на уреди во текот на детството може да пречи во развојот на емпатијата, социјалните способности и способностите за решавање проблеми, кои инаку се развиваат со истражување, играње и интеракција со пријателите“, вели Радески.

Истражувањата исто така покажуваат дека прекумерната употреба на мобилни уреди може да го спречи развојот на моториката и координацијата око-рака. Ова влијае така што кога децата почнуваат на училиште, не се во состојба да извршуваат едноставни задачи, како што се составување блокови, што може подоцна да влијае и врз нивната способност да научат и да пишуваат.

„Тешкиот психосоцијален развој поради прекумерно користење електронски уреди исто така може да придонесе за појава на хиперкинетичко нарушување“, предупредува Су Палмер, автор на книгата „Токсично детство“.

Ограничете го времето што вашето дете го поминува пред таблет, телевизор или компјутер

Што можат да направат загрижените родители? Истражувањата покажуваат ефикасност кај едноставното ограничување на времето што децата го поминуваат пред екранот. Истражувачите исто така препорачуваат забрана на екраните во спалната соба, дури и исклучување на безжичниот интернет за децата да не можат тајно да ги користат мобилните уреди после одењето во кревет.

И самиот Стив Џобс, основач и сопственик на најголемата компанија за мобилни уреди и таблети – „Епл“, во една пригода изјавил дека не дозволува неговите деца да користат таблети, ниту мобилни уреди.

Извор:факултети.мк
СН Финансии
To Top