Новости

Живот

Омилената поза за спиење го покажува квалиетот на вашиот сексуален живот

Ако вашата омилена позиција во кревет ви е блиску до штекерот за да може да го полните телефонот, не сте единствени. Но, што е со позата за спиење со вашиот партнер?

Дали сте „опасни“ во кревет ако спиете на грб или свртени еден кон друг? Компанијата Mattress Advisor реши да го истражи ова прашање и спроведе анкета во која беа опфатени 1.000 испитаници.

Заклучоците се следни: положбата што најчесто се поврзува со бурен сексуален живот на партнерите е кога спиете свртени лице во лице со партнерот, со испреплетени нозе. Луѓето кои спијат вака ја оцениле нивната просечна сексуална активност на 4,2 од 5.

Двојките кои спијат во поза „лажички“ (spooning) , односно едниот го гушка другиот одзади, дале оценка за сексуалниот живот од 3,7 од 5.

Најпопуларна поза за спиење и за мажите и за жените е грб со грб.

Омилени пози за спиење на мажите: грб со грб, „лажички“ со простор меѓу партнерите, „лажички“ без простор, лице во лице, со голем простор меѓу двајцата, нејзната глава кај него на гради.

Омилени пози за спиење на жените: грб со грб, „лажички“ без простор меѓу партнерите, со голем простор меѓу двајцата, „лажички“ со простор меѓу партнерите, двајцата раширени на кревет.

 

GOLD
SN Finansii
To Top