Новости

Астрологија

Антихороскоп: Кои се најголемите недостатоци на хороскопските знаци?

Овен

Не само што сте арогантни и конфронтирачки настроени, туку и знаете да бидете инаетливи. Она што ќе го зацртате мора да биде така, па ниту еден факт и доказ нема да го докаже спротивното. Уживате да се однесувате недисциплинирано и да ги омаловажувате другите.

Бик

Апла сте љубоморни на другите и зависни од тоа да го гледате салдото со постојан раст. Мрзливи сте до небо и назад и завидливи на тие што имаат повеќе од вас. Нека ви дојде паметот и сфатете дека не сте секогаш вие во центарот на вниманието.

Близнаци

Тотално сте нервозни кога треба да донесете важна одлука. Знаете да бидете „ненормално“ дволични, па човек нема да знае кога ќе ве фати во „нормалните“. Никој не може да направи поголем од хаос од вас, не се секирајте барем во тоа сте генијалци.

Рак

Вие како што можете да загушите луѓето со вашето песимистичко и хиперемоционално размислување никој тоа не може да го направи подобро. Каде и да одите посакувате во позадина да ве следат тажни песни бидејќи како што вас можат да ви се случат проблеми, на никој друг не може.

Лав

Вие понекогаш не се разбирате себеси, а барате другите да ве разберат. Имате голема потреба за правење драма и секогаш успевате да ја приредите што пак ве држи во центарот на вниманието. И еден совет, пораснете веќе еднаш.

Девица

Ако еден начин на функционирање ви се допадне, не се двоите од него. Не прифаќате никаква модернизација и останувате „затапени“. Сакате да направите многу работи, но секогаш наоѓате причина да не ги направите.

Вага

Обожавате да си поигрувате со луѓето, тоа ви претставува особено задоволство. Знаете да направите лице и да го покажете на луѓето токму она што они сакаат да го видат. Не сте воопшто глупави, туку многу манипулативни.

Шкорпија 

Нарцизам, љубомора, бес, слепа амбиција и лукав интелект без сочувство, сето тоа го поседувате. Знаете да се „самоубивате“ со вашите идеи и размислувања, да си ги чувате за себе и да си правите „филмчиња“.

Стрелец

Знаете да бидете екстремно искрени и кога треба, но и кога не треба. Покрај тоа што сте невидена „тапа“ знаете да ги прифатите туѓите критики ама само кога на вас ќе ви одговара.

Јарец

Толку сте фокусирани на себе и себично гледате на работите што не забележувате дека ги губите луѓето кои што сакаат да останат во вашиот живот. Понекогаш уживате во тоа да бидете сожалувани.

Водолија

Вие сте непредвидливи, неконзистентни, непопустливи и тврдоглави. Ако некој во животот ќе задоцни на својот погреб тоа би бил човек во знакот на водолија. Си играте не само со времето на другите туку и не ги почитувате нивните ставови за одредени ситуации.

Риби

Таман ќе сакате да започнете некоја работа, вашиот перфекционизам ќе ве запре уште на самиот почеток. Вие сте комбинација на живот со преголем перфекционизам и со песимизам, што ви го прави животот комплетно „ништо“.

GOLD
GoldSlot
To Top