Новости

Астрологија

Астро блиц: Вашите љубовни лекции за 2018 година

Во новата година, со сигурност ќе ви се најде лекцијата која треба да ја научите. Сепак, останува на вас дали ќе научите нешто од неа или ќе ја игнорирате. Ако ја игнорирате, имајте на ум дека лекцијата повторно ќе се врати. Циклусот ќе се повторува сè додека не се ослободите од него. Кога ѕвездите ќе ви постават пречки, гледајте ги како проблеми кои треба да ги решите, а не како товар. Па погледнете кои лекции ќе ги научите во љубовта во новата година.

Овен

Обично вие имате самодоверба во животот и во љубовта, и 2018-та нема да биде исклучок. Но, ќе треба да научите како да престанете да донесувате избрзани заклучоци и понекогаш да ги исполните и потребите на партнерот. Останете скромни. Во врската учествуваат двајца, а не само вие. Прашајте некој Рак за неговите љубовни тајни.

Бик

Вам ви е потребна врска која ќе ве тера да размислувате, и можеби веќе сте го пронашле тоа со партнерот или пријателите. Но, вашата љубов сè уште треба да созрева и важно е да ја научите разликата помеѓу љубов и приврзаност. Побарајте совет од некоја Вага.

Близнаци

Кога Близнаците бараат партнер, тоа најчесто е нивниот долго изгубен близнак. 2018-та ќе ве научи дека овој близнак е во вас. Вие сте вашиот најдобар пријател. Ова е единствениот начин да престанете да се губите во врските. Сега е одлично време да прашате некоја Водолија како да ја зачувате вашата индивидуалност.

Рак

Кога се вљубувате, нема потреба да се затворите во вашата школка. 2018-та ќе ви овозможи безбедно место каде што ќе можете да бидете и силни и меки во исто време. Вашиот предизвик е да научите како да престанете да одете до екстреми. Прашајте некој Лав што значи да бидете храбри.

Лав

Вие сакате да бидете во центарот на вниманието, но 2018-та ќе ви покаже од што навистина сте направени. Вашата гордост може да ви донесе неколку врски кои нема да функционираат. Оваа година ќе ве научи навистина да се сакате. Кога ќе ја научите оваа лекција, конечно ќе престанете да се обидувате да докажете нешто. Прашајте ги Стрелците како се грижат за нивниот внатрешен оган.

Девица

Во 2018-та ќе почнете повеќе да уживате во стабилноста на вашите врски. Оваа година ќе ве научи како навистина да им пристапите на овие врски. Истражувањето нови структури во партнерството ќе ви даде јасна дефиниција за љубовта. Прашајте ги Рибите како да направите старата љубов да ви изгледа како нова.

Вага

Вие одлично барате нови начини да не бидете сами со себе. Да се опкружувате со луѓе кои ве сакаат е навистина добро, но во 2018-та обидете се да се погрижите за вашиот внатрешен оган. Најдете начин да бидете сингл и сами да истражувате нови територии. Видете што имаат да ви кажат Јарците за осаменоста.

Шкорпија

Ќе доживеете вистински пресврти во романтичните врски. Оваа година ќе ве научи како да се справите со нив. Кога љубовта на вашиот живот се заканува да ве повреди, вие имате нагон да се одбраните и да возвратите со повреда. Во 2018-та треба да научите како да ја контролирате оваа желба и како да ги одредите местата кои навистина треба да ги уништите. Прашајте некој Бик за тоа како да се грижите за вашите врски.

Стрелец

2018-та сака да се ослободите од проблемите и тајните кои долго ги чувате. Оваа година ќе се случи нешто изненадувачко во вашиот љубовен живот и може да го промени вашиот поглед кон романтичните врски. Без разлика во што сте верувале кога станува збор за љубовта, оваа година е време за нова филозофија. Прашајте некоја Девица за тоа како успеала да се припитоми.

Јарец

2018-та нека биде вашата година на ослободување. Рушете ги ѕидовите кои сте ги граделе. Предизвикајте ги вашите погледи кон семејството и работата. Оваа година ќе ви донесе неколку болни лекции кои ќе ви помогнат да ја пронајдете вистинската љубов. Прашајте ги Овните како избегнуваат да бидат повредени од неисполнетите очекувања.

Водолија

Оваа година постојано ќе сакате да се однесувате лошо. Постои време и место каде што можете да го покажете вашиот гнев. Оваа година ќе ве научи на неколку лекции за зборувањето и тишината. Прашајте некој Близнак како успева да ја задржи својата публика.

Риби

Оваа година ќе ве научи како да си се држите до вашето. Вие сакате да ги истражувате романтичните врски, но овој пат посетете ја таа територија во вашите соништа. Ова значи дека треба да им ставите крај на врските кои само ве истрошуваат. Прашајте некоја Скорпија како да се одбраните и заштитите.

Извор: Кафепауза.мк

GOLD
To Top