Децата на Сатурн: Животните мисии на Јарецот - Шеталиште

Новости

Астрологија

Децата на Сатурн: Животните мисии на Јарецот

Како Јарец, вие едноставно имате потреба да бидете лидери во вашиот живот. Токму затоа и треба да излезете надвор и да му покажете на светот што сè можете да направите. Вие секогаш учите од своите грешки и на тој начин брзо се искачувате на скалата до успехот – никогаш немојте да ја менувате оваа ваша карактеристика.

За да го забрзате своето движење кон остварувањето на целите, треба секојдневно да си ја повторувате оваа афирмација: „Јас сум водач во мојот живот и сум ценет/а за своите лидерски способности.“ Кажувајте ја реченицава колку што можете повеќе и научете да верувате во неа. Вашиот потсвесен ум ги слуша сите изговорени и неизговорени мисли, па заштитете се од негативните реченици што ви ја разнишуваат самодовербата.

Кои се животните проблеми на Јарците?

Учење како преземете контрола

Градење цврста основа за себе

Преземање на вистинската улога во општеството

Справување со моќни луѓе

Самодисциплина

Јарците отсекогаш сакале да ги држат нештата под контрола, но понекогаш тешко им е да научат како да го сторат тоа. Без разлика дали станува збор за приватниот или професионалниот живот, тие неретко мислат дека се „главни“ но некој друг ги движи конците на кои се врзани. Токму затоа и потешко ги градат темелите на кои стојат.

Ова влијае и на нивната вистинска улога во општеството, онаа што им овозможува да бидат вистинските тие, без никакви маски, притоа давајќи сè од себе за доброто на другите. Тие исто така имаат и проблем при справувањето со моќни луѓе, додека се движат по својот пат по успехот. Тие им предизвикуваат непријатни, несигурни чувства што ги тераат да мислат дека не се доволно добри во област што всушност ја владеат.

И за крај, како еден од најголемите проблеми на Јарците, се наоѓа оној со самодисциплината. Тие знаат да бидат темелни во сè што прават, но само ако успеат да го најдат својот фокус. За тоа да го сторат, мора да најдат начин како да ги тргнат настрана сите нешта што им го одвлекуваат вниманието и да се фокусираат само на тоа што во моментот го работат.

Како да знаете дека не сте на вистинскиот животен пат?

Ако постојано чувствувате блага депресија

Ако не сте задоволни од себе, без разлика колку постигнувате

Ако се преправате дека успехот не ви значи

Ако избегнувате позиции на одговорност

Енергетската нерамнотежа може да дојде од повеќе извори. Најпрво, можеби сте ја запоставиле вашата потреба за успех. Статусот и материјалната сигурност не се лоши нешта – сосема е во ред да ги сакате. Од друга страна пак, вината и жалењето нема да ви помогнат ништо да направите. Баш напротив, тие само ќе ве забават. Едноставно дознајте што сакате, направете план, и почнете да го остварувате!

Како да знаете дека сте на вистинскиот животен пат?

Наоѓате исполнување во својата работа

Се чувствувате ценето

Чувствувате дека луѓето се воодушевуваат од вашите способности и таленти

Вие сте ценет член на општеството и горди сте на својот успех

Вие сте најсреќни кога чувствувате дека имате контрола на нештата што ви се случуваат во вашиот живот, дека сте силни и способни и дека можете да постигнете сè што ќе замислите.

Кои работни позиции се одлични за вас?

Вам ви е потребна работа каде што ќе бидете ценети – тоа значи дека каква било менаџерска позиција или некоја друга работа каде што ќе бидете водачи.

Какви љубовни врски се добри за вас?

Треба да најдете личност што ви дозволува да преземете водство во врската, што ви дозволува да правите одлуки без да се сомнева во секоја ваш збор. Оваа личност треба да сака самата да постигне голем успех, но и да ве поддржува на патот кон вашиот.

Извор:Кафепауза.мк

 

To Top