Новости

Астрологија

Децата на Уран: Нескротливиот дух на Водолиите

Станува збор за длабоки мислители, кои сакаат да им помагаат на другите луѓе. Високо интелектуален, овој знак го карактеризира независност, а е без предрасуди. Иако се доста приспособливи на енергијата што ги опкружува, Водолиите имаат длабока потреба да бидат сами и далеку од сѐ за да може да ја обноват енергијата. Лицата родени во знакот на Водолија го гледаат светот полн со можности, иако за многу од нив тие реално ги нема.

Водолија е воздушен знак, и како таков, го користи умот во секоја пригода. Уран е планетата што владее со овој знак и на припадниците им дава визионерски квалитети. Водолиите се мислители, прогресивни се и хуманисти. Добро се чувстуваат во група и во заедница, сакаат постојано да бидат опкружени со луѓе. Тоа е еден од најсоцијалните знаци, но доста се и семејни, Кога ќе основаат семејство, посветени се и грижливи. Никако не толерираат лаги и измами, а најтешко простуваат доколку ги изневерите.

Ако сте родени помеѓу 20 јануари и 18 февруари, тогаш голема е веројатноста да се препознаете во овие 10 карактеристики.

1.Не зборувате за вашите емоции

Водолиите може да делуваат бесчувствително, па дури и студено во комуникацијата со другите луѓе, но тие преферираат да мислат дека тоа е нивниот стил на кажување на вистината дури и кога тоа ги повредува другите.

2.Баш сте мозоци

Луѓето родени во овој знак сакаат да бидат интелектуално предизвикувани и добро се свесни за нивната натпросечна интелигенција. Понекогаш дури и премногу свесни.

3.Едноставно не поднесувате да не сте во право

Не е баш забавно човек да се расправа со вас Водолиите. Да, во право сте НАЈЧЕСТО. Но не секогаш!

4.Вие сте доброчинител кој сака да го направи светот подобро место за живеење

Водолиите се често филантропи и хуманитарни и се одлични во шармирањето на луѓето околу нив кога имаат цел да ги привлечат кон својата кауза во која веруваат.

5.Вие сте големи, големи флертувачи

Водолиите едноставно обожаваат да флертуваат со часови и тоа без разлика дали се искрено заинтересирани за другата личност или не. Тоа е во нивната природа, предобри се во тоа.

6.Природни сте како јавни говорници

Луѓето родени во овој знак се внимателни и промислени говорници. Заради тоа, често се одлични како пишувачи на говори, говорници и дебатери.

7.Имате трајна желба за патување

Водолиите се индивидуалисти, независни и авантуристи. Овие карактеристики ги прават природни патувачи со вечна желба за движење кон нови авантури.

8.Пријателите би рекле дека сте по малку ексцентрични

Водолиите се малку чудни знаци, но тие се горди поради тоа што се такви бидејќи ја сакаат својата уникатност.

9.Живеете за да се забавувате

Водолиите може да се независни, но исто така сакаат да бидат опкружени со многу луѓе околу себе. Тие сакаат посветена публика, пред која тие сакаат да бидат оние кои ќе ја поттикнат забавата.

10.Веројатно сте опседнати со вашиот ајфон

Како и повеќето други луѓе. Водолиите сакаат прогрес, на што често гледаат исто како на напредок во технологијата. Ако има некој нов кул електронски уред, вие веројатно веќе сте го нарачале уште пред да дојде во продавниците.

 

Студирајте на БАС
To Top