Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (01.03.2018)

Овен

Можеби е крајно време да ја прифатите реалноста и со поголем оптимизам да гледате кон нештата и кон иднината во целина. Избегнувајте ги судирите од каков било облик. Не дозволувајте одредени нешта да ви избегаат, за кои подоцна нема да имате шанса да ги вратите во игра.

Бик

Денес ќе бидете расположени за зборување, па повеќе ќе разговарате со колегите отколку што ќе работите. Доколку ви виси над глава задача која мора да ја завршите веднаш, побарајте помош. Под влијание на Месечината нема да копнеете за романтики, туку за весел друштвен собир кој долго ќе го паметите.

Близнаци

Доаѓаат многу нови работи и сега не знаете како да реагирате. Не плашете се да поставувате прашања. Ќе ви биде многу полесно доколку сте подготвени и кога имате повеќе информации, па затоа прашајте ги луѓето што се околу вас. Нема да можете да изберете што сакате, а што не. Подгответе се за нови нешта. Ако ви треба помош од партнерот или семејството, не се плашете да ги прашате.

Рак

Минатите недели се обидувавте толку многу за некои работи, но на крај ништо не испадна како што сакавте. Во текот на оваа недела ќе дојдете до некои дополнителни информации за кои ќе бидете среќни. Мора да прифатите дека некои нешта не може да се контролираат или да влијаете врз нив, но тоа не значи дека тие се лоши за вас.

Лав

Во период сте на промени и сега е време своите потреби и ставови да ги ставите на прво место. Често им помагате на другите што се пред вас, но постои граница, која понекогаш е потребна да ја поставите. Ова не значи дека сите околу треба да ги игнорирате и натаму им е потребна помош, но откако ќе ја завршите својата работа во текот на неделата.

Девица

Пријателите нема да успеваат потполно да ве разбираат и тоа ќе ве нервира. Можни се расправии со најблиските пријатели. Во наредниот период ќе остварувате контакти со стари пријатели кои одненадеж ќе се вратат во вашиот живот.

Вага

Она што другите го очекуваат од вас е спротивно на вашата замисла за тоа како сакате да настапите пред околината. Доколку не ја добиете шансата да се покажете во вистинската светлина, ќе се почувствувате издадени од оние кои многу ви значат.  Денес ќе ја цените организираноста, па доколку одлучите да го славите празникот на вљубените, ќе сакате се да е совршено. Идеален подарок, романтична атмосфера, мили љубовни изјави.

Шкорпија

Ве нервираат луѓето што постојано ви кажуваат дека секогаш може да сметате на нив, да се јавите кога ви е потребно и кога ќе ви требаат ќе немаат време за вас. Не нервирајте се поради нив, имате други пријатели на кои можете да им верувате. Притоа, сигурно ќе изгубите премногу енергија, а нема да постигнете ништо конкретно.

Стрелец

Вие повеќето од вашите идеи, мисли и планови не ги чувате во себе, веднаш ги споделувате со другите. Но една работа се уште е длабоко запишана во вас, и преиспитајте се што треба да направите. Би било најдобро ако на блиска личност со која сте опкружени и се отворите за она кое ве мачи.

Јарец

Промените се на чекор од вас, но сепак немате доволно информации кои ќе ги донесат промените и затоа не знаете дали треба да се радувате. Важно е да знаете што добивате од овие промени кои следат. Можеби нема целата работа да функционира на начинот на кој сакате. Меѓутоа, многу нешта може да бидат онака како што сакате, ако работите напорно и доволно.

Водолија

Денес ќе копнеете по страст, забава, флертување. Независно од тоа што е празникот на вљубените, вие ќе бидете подготвени да му подарите на партнерот незаборавна вечер. Не сте во врска? Ова не е момент да се криете дома. Ќе заведувате без многу труд, па излезете без двоумење, бидејќи нема да сакате да ја пропуштите забавата. Ќе се стремите кон погламурозен изглед.

Риби

Денес ќе посакувате спокојство и мир. Воопшто нема да чувствувате еуфорија поради празникот и ќе претпочитате да ја поминете вечерта во домашна атмосфера со саканиот покрај вас. Не сте во врска? Поканете неколку најблиски пријатели и направете си приватна забава, без многу бучава.

 

Evrotip
Евротип
To Top