Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (06.03.2018)

Овен 

Одговорностите ви го насочуваат патот по кој ќе треба да се движите. Некои од вас може да влезат во нови партнерства, но повеќето ќе донесуваат одлуки за тоа каде води нивната моментална состојба. Соработниците ќе ви бидат проблематични. Но и финансиите исто така, затоа не се опуштајте премногу во трошењето овие денови.

Бик

Денес ќе имате чувство дека работите не можат да тргнат наопаку. И ќе бидете во право. Ќе погледнете околу вас и ќе најдете многу нешта поради кои ќе сте задоволни и благодарни што ги имате. Животот не бил секогаш фер кон вас, но сега ќе забележите дека лошите моменти ве направиле уште посилни и посамоуверени.

Близнаци

Денес бидете дарежливи кон себе и кон оние што ви значат. Планирањето на трошоците е во ред, но понекогаш треба да си пружите и по некое задоволство. Денес планетите ќе ве поттикнат да го прославите вашиот личен успех. Не седете со скрстени раце и соберете ги пријателите и колегите. Преземете ја лидерската функција во организацијата и направете сите да ве следат вас.

Рак

Денес ќе можете да се пофалите со голема самодоверба, па искористете ја и направете нешто смело. Претставете ги своите идеи пред колегите или облечете нешто што ќе ве издвои од толпата. Ништо нема да може да ве исплаши или предмисли ако наумите да направите некоја работа. Искористете го овој поволен ден и завршете ги сите обврски навреме.

Лав

Ова е одличен момент да почнете да заработувате. Многу вложувавте, па нормално е да ви се врати. Потрудете се да не се расправате со соработниците. Загрижени сте, а и самите не знаете зошто. Потрудете се да се смирите и да бидете потолерантни. Поведете повеќе сметка за неконтролираното трошење и заштедете некој денар.

Девица

Во потрагата за вредности размислувајте практично. Ви пречи несериозноста спрема работата на другите. Не сакате да се расправате, па го потиснувате незадоволството. Сакате нешто да промените и ќе ви успее тоа. Исполнете ги сите обрски на работа, не ги одложувајте предметите за наредната година, тоа лошо ќе се одрази на вашата кариера.

Вага

Многу животни проблеми ве стигнаа во исто време. Борете се со сета сила ако сакате да успеете. Не штедете ја енергијата и бидете трпеливи. Послушајте совет од блиските кои ќе ви помогнат со помалку напор да завршите повеќе работи. Денес не навлегувајте во непотребни конфликтни ситуации, останете смирени, без разлика на големината на проблемот.

Скорпија

Упорно сакате вербално да се докажете, мислите дека секогаш сте во право. Бидете трпеливи, бидејќи може да се исцрпите докрај ако продолжите со расправиите. Размислете објективно за тоа до каде сте и како се чувствувате. Моменталната состојба не ви е многу сјајна, но за тоа сте виновни единствено вие, во иднина пред да ги одложувате работите, размислете за последиците.

Стрелец

Свесни сте за целта што е пред вас, затоа и трпеливо грабите кон целта. Обврските ги извршувате со зголемена доза концентрација. Мотивирани и амбициозни сте, затоа ќе успеете. Бидете позитивни и сe ќе дојде во вистинско време. Можно е да добиете некоја сума на пари од некој кој ви должи пари или од игрите на среќа.

Јарец

Можеби ќе добиете вест во врска со пари која може пријатно да ве изненади ако сте родени во последната декада од знакот бидејќи очекувате ситуацијата да тргне на подобро, но не со толку брзо темпо. Ќе се снајдете во врска со новата работа од која многу очекувате. Можно е да размислувате за работа во врска со некоја финансиска установа. Денот е поволен за друштвени активности, посветете им доволно време на пријателите.

Водолија

Ќе биде подобро да останете мирни и да не реагирате. Секогаш е тешко да се откажете, но важно е да се фокусирате на она што ви се случува во моментот. Не се затворајте дома и излезете, комуницирајте, бидејќи може да научите мнгу важни лекции кои ќе ви бидат од корист.

Риби

Денес тимската работа ќе ви помогне да бидете најефективни. Не бегајте од луѓето и не ги избегнувајте разговорите со нив. Некој инспиративен разговор ќе ја разбуди креативноста во вас. Бидете подготвени да стапите во контакт со интересен истомисленик, тоа е вашата можност за нова соработка која ќе ви донесе голем профит.

Evrotip
Евротип
To Top