Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (07.02.2018)

Овен

Пред очите на јавноста однесувајте се дипломатски. На некои од вас на памет ќе им дојдат многу сериозни идеи. Бидете внимателни со кого соработувате, некој во вашиот круг на соработници сака да направи проблем. Посветете му поголемо внимание на семејството. Вашиот партнер има отворени барања.

Бик

Многумина се потпираат на вас и се обидуваат со ласкање да ви дадат на знаење дека очекуваат од вас да го завршите и нивниот дел од работата бидејќи вие во тоа сте поискусни. Се однесувате прилично тврдоглаво, иако изгледате мирно всушност се обидувате на другите да им го наметнете вашиот став. Сакате да ја обновите соработката со некој кој би можел да ви биде од голема корист.

Близнаци

Се повеќе планети ви се наклонети и ќе бидете се порасположени и повеќе комуникативни. Одлично ви се аспектирани долгорочните планови, а вашиот статус во работата станува постабилен, но се`уште не треба да се надевате на признанието кое го очекувате. Бидете трпеливи и задоволете се со тоа што вашата околина почна да ве разбира.

Рак

Ќе поминете мирен ден и ќе почувствувате дека дел од проблемите сте ги решиле и дека малку сте поднапреднале. Ќе поседувате многу енергија и ова е вистински момент за иницијатива. Односите со околината ви се мирни но ќе морате повеќе да се трудите за да остварите контакти.

Лав

На работното место односот со колегите ви е одличен и коректен. Денес до израз ќе дојде вашата комуникативност. Ѕвездите се на ваша страна и можна е добивка преку игрите на среќа. На полето на љубовта ви следи бурна но кратка авантура.

Девица

Вашата обновена енергија ќе биде насочена кон љубовта, а ќе имате и прилика да го освежите односот со партнерот или ако сте слободни да си најдете љубовно задоволство. Можеби ќе имате мали проблеми со здравјето, некоја ваша честа болка, но тоа нема да ви биде пречка во извршувањето на секојдневните обврски.

Вага

Некој ќе се обиде да ве вклучи во дискусија која ќе премине во кавга. Настојувајте да се занимавате само со своите обврски и обидете се да бидете што поконкретни. Не размислувајте за големи проекти. Средете ги односите со околината пред да биде доцна. Во љубовта внесете повеќе ведрина и оптимизам.

Шкорпија

Ако очекувате некаква испорака, приход или ветен подарок денеска можете да бидете изненадени. Вложувајте повеќе во блиските врски и немојте да се оддалечувате од драгите луѓе и борете се против чувството на осаменост. Излезете со пријатели, забавувајте се или посетете некои блиски личности кои не сте ги виделе подолго време.

Стрелец

Стрелците со постојан работен однос се материјално мотивирани да истраат во сегашните работи, а планетите поттикнуваат и нови работни аранжмани, поголеми купопродажби, вложување пари во поголеми работи. Вашата материјална состојба е несигурна и подлежна на влијанија од страна и не можете да правите долгорочни договори.

Јарец

Не ве очекуваат многу возбудувања, па затоа ќе можете да се посветите на вашите обврски. Во овој момент ќе немате изразени неповолни аспекти што значи дека ќе можете да ги искористите вашите предности. Емоционално ќе бидете многу задоволни и пред вас е стабилен ден. Започнете со усовршување на знаењето.

Водолија

Одлично се чувствувате за било каков почеток, во деловните или приватните сфери. Нов бран на оптимизам ви ги облагородува вашите мисли, кои денес навистина ќе бидат прецизно и практично насочени во сите ваши активности. Сентименталните односи ви се стабилни.

Риби

Застојот на акциите или очекувањето на нешто за вас посебно важно, ќе го намали интересот за приватност. Во љубовта очекувате од партнерот да ги подели вашите соништа и планови, а нагласеното дружење со пријателите ветува добара забава. Ќе доживеете некакво пријатно искуство.

GOLD
To Top