Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (08.01.2018)

ОВЕН

Активни, позитивно импулсивни, весели, зборови коишто можат да ви го направат денот еден од поубавите во последно време. Најдобро ќе се чувствувате ако имате постојан ангажман, бидејќи во спротивно ќе станете нервозни од неактивност, а тогаш сте подготвени и на глупости во однесувањето, инат, и непотребна настојчивост. Трите магични збора од почетокот делуваат и на вашиот сентиментален живот, но ако сте во брачни води избегнувајте анализи на нечие однесување, особено ако е од страната на партнерот.

БИК

Чувството на задоволство доаѓа од деца, љубов, пријателства, познати, чувства што ги имате кон некого, разговори и контакти. Доволен број на интереси за да го покријат поголемиот дел од припадниците на овој знак. Здравствената состојба на некоја блиска личност би можела да ве загрижува, особено ако станува збор за хронични проблеми.

БЛИЗНАЦИ

Нема никаква потреба од толку настојувања да се прикажете исполнителни баш денес, бидејќи партнерот посебно во новите врски не го очекува тоа, туку малку повеќе чувства. На работен план вашата веселост и позитивна енергија е заразна. Секако нешто и треба да подработите, ако сакате работите да се одвиваат во саканата насока.

РАК

Партнерот може да е доста нервозен и во постојани обиди да наметне ритам, но тоа по малку ви изгледа фанатизирано, па вашиот обид да му укажете на тоа, особено таквото делување на децата може да заврши непотребно со кавга. Некои припадници ќе имаат убави почетоци, или некакви новости на емотивен план. Но и расправии околу излегувањето со родителите ако се од помладите.

ЛАВ

Сабајлето може да ви се случи да се разбудите уморни, што е знак дека не сте се опуштиле како што треба и секако дека во себе имате доста нервоза. Оттаму можно е и преценување на сопствените сили, доста фанатизам во трчањето по исполнување на обврските и задачите со многу неизвесен резултат. Ако бидете малку пообјективни кон себе и своите ресурси, денот ќе ви биде многу подобар од инаку. Партнерот има некакви илузии, и потребно е да го вразумите.

ДЕВИЦА

Вашите емотивните антени ќе бидат изострени, па секој збор ќе го мерите и премерувате десет пати, особено оние кои ви се упатуваат вам, и дали тие се директно упатени на ваша сметка или се од општо значење. Во илузија сте ако мислите дека се е упатено на ваша сметка. Со оваа констатација, можете да почувствувате многу повеќе веселост и позитивно расположени. Извесна е нервоза околу пари. Планираното се оддолговлекува.

ВАГА

Поттикнати од позитивните настани, ќе бидете полни со елан и подготвени за иницијатива, па оттаму ќе манифестирате и веселост, позитивност, кое ќе делува заразно на вашата околина. Секако сметајте на тоа дека многумина ја немаат оваа привилегија, па очекувајте искри од поединци кои сабајлето станале на лева нога. Слободно можете да смените нешто во вашиот дом, некаков распоред, слика или нешто што ќе го разубави денешниот ден во визуелна смисла на зборот.

ШКОРПИЈА

Можеби ќе бидете обземени од емоционалните состојби на луѓето околу вас, бидејќи повеќето ќе бидат нервозни и напнати, но затоа пак со пријателите може да имате срдечни односи, посебно со оние кои денес ќе ги сретнете после долго време. Покажувате некаков фанатизам на љубовно поле. По секоја цена сакате да ја одржите врската, но тоа повеќе е прашање на егото, отколку на чувствата.

СТРЕЛЕЦ

Денес се можни погрешни проценки, прво за однесувањето на некои личности, кои ќе бидат настојчиви и фанатично настроени. Вие би требало да се смирите и да бидете во добро расположение, бидејќи убавото расположение навистина ќе ве обземе дури од пладне натаму. Одличен ден за семејни и пријателски собири.

ЈАРЕЦ

Докажувања, инсистирање на своите вистини, нема да ви го направи денот многу весел, напротив може да имате доста конфликтни ситуации, посебно со помладите. Ако сте пак од тие, помладите, наметнувањето волја нема да ви оди успешно, особено со женски личности, со блиски од непосредното опкружување. Сепак одлични позиции на финансиски план, но без големи планови и илузии. Сепак некој денар може да ви се слее во џебот, од различни извори.

ВОДОЛИЈА

Денес како да сте подготвени за големи дела и акции, но како што стојат работите, може да шлајфувате во место, бидејќи ништо од тие не е врзано единствено за вас, туку зависи од многу фактори, читај луѓе. Сепак за конкретни случувања може да ви се најде некоја помлада личност, на ваше изненадување. На љубовен план еведентни се доста нервозни односи. На материјален план повеќе среќа отколку изгледни ситуации. Ама за трошоците сами сте одговорни.

РИБИ

Многу контакти, но и многу озборувања, лажни информации, клевети. Сето ќе морате да го ставате во личната торба, а таа веќе е претешка од истото, па ќе мора да најдете начин некако да ја испразните. Најдобро е ако не учествувате во наведеното, и ако искажаното што побргу да го заборавите, и секако да ја повикате на помош музата на хуморот и веселоста. Денес не верувајте во она што ќе го слушнете.

Студирајте на БАС
To Top