Дневен хороскоп (09.01.2018) - Шеталиште

Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (09.01.2018)

Овен

Не сакате било кој да ве проценува врз основа на некои површни заклучоци и мислења. Пријателите ја поттикнуваат вашата амбиција која се базира на реалните основи максимално да се ангажирате за нешто што би можело да ви донесе поголеми шанси за напредок. Во деловниот свет ви претстои некое ново познанство.

Бик

Големите амбиции ве прават подготвени да се впуштите во некои нови работи за кои не сте размислувале. Вашата популарност нагло ќе расте, а вие со насмевка ќе ги собирате плодовите од одлично завршената работа. Излезете малку надвор од рамките на комфорот, ризикувајте и постигнете нешто повеќе.

Близнаци

Во текот на денешниот ден ќе размислувате за некои планови и одлуки кои ќе сакате да ги реализирате во иднина. Потрудете се да соберете што можете повеќе совети од блиските лица. Ќе добиете повик кој ќе ја поттикне вашата загриженост дека нештата нема да се одвиваат онака како што сакате.

Рак

Со помош на некој Бик или Вага ќе постигнете популарност, а и вие ќе бидете во подобра состојба да решите многу проблеми благодарение на вложениот труд. Многумина од вас можат да бидат вклучени во некој нов проект кој ќе ви овозможи вашиот талент да дојде до израз. Обидете се да се адаптирате на новите работи кои не се така лоши, напротив можен е премин на некое ново повисоко работно место.

Лав

Еден Бик, Овен или Вага се обидуваат да ве наговорат на нешто што не ви одговара никако. Во вас ќе владее позитивна енергија која ќе ве натера да размислувате за себеси како за ѕвезда на тронот. Можеби овие мисли сакаат нешто да ви кажат.

Девица

Денес малку забрзајте се, ставете ја вашата креативност на прво место и одете кон брзите и добри одуки. Доколку нешто не ви изгледа баш добро, не размислувајте за тоа и не очајувајте. Опуштете се и препуштете и се на интуицијата. За некои нешта не вреди да си ја трошите енергијата.

Вага

Денот започнете го со релаксација која ќе ви овозможи да ги разбистрите мислите пред да започнете со работата. Искористете ја вашата позитивна енергија за да ги решите проблемите за кои никој не може да најде решение. Внимавајте, вашата добрина некој може да ја искористи.

Шкорпија

Денес направете нешто корисно за вашата заедница. Размислете како дополнително да ја унапредите работата, помогнете им на пријателите, на семејството и на вашите колеги и соработници. Можеби одлична идеја е да волонитирате или да подарите крв. Вашата добрина денес ќе дојде до оние на кои најмногу им е потребна.

Стрелец

Се трудите да импресионирате некое лице за кое мислите дека ќе ви помогне многу. Имате некаков план за соработка, но најверојатно сите тие желби постојат само од ваша страна. Внимавајте на финансиите, не инвестирајте во ризични нешта. Заштедете некој денар.

Јарец

Ако сакате да бидете одлични, докажете дека го можете тоа на најдобар можен начин. Ќе чувствувате некаков немир поради нешто што сте сториле во минатото. Извинете се ако можете, а ако не надминете го тоа. Вашето семејство ќе ве потсети дека е потребно да му посветите поголемо внимание.

Водолија

Се чувствувате подготвени да ја прифатите дополнителната работа која за вас може да биде одлична отскочна даска во иднина. Се трудите да им ги исполните желбите на сите. Денес ќе успеете да му го разубавите денот на некој ваш близок. Продолжете да ширите позитивна енергија.

Риби

Добрите совети од лицата кои се разбираат во финансии за вас ќе бидат добредојдени, бидејќи во последно време воопшто немате идеја и план како да се справите со трошоците. Ако се занимавате со уметност, денес ќе доживеете голема слава. Можно е да добиете повик од некое лице кое повеќе пати ви нагласило дека сака соработка со вас.

 

To Top