Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (09.02.2018)

Овен

Ќе пристигне финансиска помош од вашиот близок, вие конечно ќе престанете да се грижите и ќе имате повеќе финансии за штедење. Ангажирајте се да работите нешто плус, нешто од кое ќе вадите некој денар повеќе, проверете во огласите или околината дали некаде би можеле да се вклучите. Околината во вас ќе препознае вистински борец.

Бик

Се обидувате да бидете рационални но всушност сте прилично осетливи. Месечината ви создава потреба за признание и најверојатно ќе сакате да направите нешто за себе лично и за својата сатисфакција. Ќе имате прилика да се договорите со некој Бик околу некои многу важни прашања. Би требало да бидете практични во своите размислувања за она што ве очекува бидејќи пред вас е многу поволен период во кој можете да имате добра заработка.

Близнаци

Денешниот ден ќе ви биде исполнет со среќа. Пријателите и роднините ќе ве израдуваат со некоја убава вест која кај вас ќе пробуди длабоки емоции. Периодот е поволен за преземање на поголеми обврски на работното место, бидејќи имате сила и знаење сите да ги исполните. Во вашиот живот ќе се појави личност која ќе ве промени комплетно.

Рак

Многу разни емотивни состојби можат да ве обземат во текот на следните неколку дена, но истите ќе се обидете на својствен начин да ги скриете и да не ги покажувате пред другите иако може и да не успеете во тоа, па да имате некаква емотивна ерупција или испад, посебно кон едниот родител, близок на партнерот и сл. некаква нереална загриженост поради вашиот статус, поради вашата професионална дејност и слично.

Лав

Месечината во вечерните часови навлегува во знакот на Рак што на вас би можело да ви донесе нови можности околу пронаоѓањето на нова работа. Можно е во тоа да ви помогне некоја женска особа со која одлично се разбирате во сите прашања или се работи за некој кој го сметате за свој добар пријател. Добро соработувате со оние со кои ве делат голем број на години, независно од тоа дали и припаѓате на младата или повозрасната генерација.

Девица

Ако сакате да постигнете резултати во тоа што го работите најмногу ќе ви користи упорната работа и добрата организација на работните задачи. Личностите кои ве опкружуваат имаат сопствени интереси и не ви се наклонети. Љубовниот живот ви е стабилен и хармоничен. Разговарајте со партнерот.

Вага

Не располагате со многу енергија, и доста сте нервозни. За подолгорочните планови не размислувајте подобро е да се занимавате само со моменталната состојба, настојувајќи во најголема мера да искористите се што е во неа добро. Сентименталните односи ви се подобруваат.

Шкорпија

Денеска ќе бидете подготвени за тимска работа и едноставно се ќе ви оди од рака. Потрудете се да бидете повеќе отворени со вашиот партнер и да разговарате за вашите проблеми. Шетајте и забавувајте се повеќе.

Стрелец

Ќе си направите услуга на себеси доколку бидете позитивни цел ден, без оглед на тоа дали вашиот љубовен живот не е онаков како што очекувате, или пак ве изморуваат обврските на работа. Денес е ден за забава, заборавете на се друго.

Јарец

Нервозата моментално е нагласена. Причина за напнатост и имате и немате. Долго време прикривавте нешто од блиските и соработниците, па сега сакате да ја исправите грешката. Мора да бидете трпеливи и чекор по чекор да ги решавате проблемите. Почнете да водите здрав начин на живеење.

Водолија

Бидете внимателни во комуникациите со претпоставените и колегите. Околината нама да биде многу задоволна со вас и може да ви подготви непријатни изненадувања. Во амбициозните планови и работи ќе имате успех иако не е најдобар момент да ги остварите. Сентименталните односи ви се доста напнати а вие ќе се чувствувате осамено.

Риби

Се наоѓате во доста незгодна ситуација на работното место. Никој во моментот не може да ви помогне ако не се потрудите сами. Намалете ги работните задачи и не се нервирајте за се што се случува околу вас. Во љубовната врска ќе имате мала криза, бидејќи доста сте затворени во себе.

Студирајте на БАС
To Top