Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (10.02.2018)

Овен

Не започнувајте нови работи. Отежнатите прилики ви ја нагризуваат самодовербата, а околината, партнерот и соработниците премногу делуваат врз вас. Некои ќе заземат видлив агресивен став како би се снашле во секојдневните битки, други пак ќе избегаат кон забавата без чувства и одговорности.

Бик

Во работата ќе бидете непостојани и склони кон кавги со претпоставените. Внимавајте како се однесувате и што зборувате. Премногу значење ќе им придадете на материјалните работи во животот и ќе започнувате расправии со партнерот. Ќе мора да го заборавите минатото и да продолжите понатаму доколку сакате среќно да живеете.

Близнаци

Бидете конкретни ако барате да ве подржат во некој деловен план. Онолку колку што ќе бидете убедливи толку и ќе добиете поддршка. Можно е и да заминете на некој службен пат. Нема таква сила која ќе ве убеди во спротивното од она што вие сте го замислите.

Рак

Големите планови и идеи за кои веќе долго и срамежливо размислувате, полека се менуваат во нешто изводливо и достижно. Сепак сеуште не е дојден часот за да тргнете во реализација и да превземете конкретни чекори. Во меѓувреме позанимавајте се со она што ви го наметнуваат условите.

Лав

Самовизијата на иднината и поддршката од одреден круг на пријатели ќе ве инспирираат да се спротивставите на работните превирања. Можеби ќе се впуштите во кавги со одговорните луѓе или ќе размислувате за прекинување на работата. Нешто ќе морате да жртувате.

Девица

Повеќето од вас нема да бидат воодушевени од деловните обврски. Вашето време со повеќе задоволство би го потрошиле на попаметни работи, но кој вели дека сеуште не можете да имате и пари. Можеби клучот на тоа е да престанете да ги задоволувате другите.

Вага

Надворешните проблеми не се толку тешки за да ве спречат во постигнувањето на вашите цели. Но сепак сметајте на намалена концентрација. Одлично ќе се разбирате со колегите и претпоставените. Во љубовните врски односите се заоструваат, а слобоните треба да внимаваат со кого ќе започнат љубовна врска.

Шкорпија

Ви се закануваат непријатности поврзани со комуникациите, па најдобро би било да не претерувате со дружењето и да не очекувате туѓа помош. Би можеле многу да се разочарате. Ќе имате и стресови поради некои неочекувани реакции на луѓе од вашата околина. Би било добро да ги избегнувате работите поврзани со комуникации, не очекувајте ништо од претпоставените нити од колегите.

Стрелец

Напнатоста се намалува, ќе бидете задоволни со себе, а ќе се подобрат и односите со соработниците, роднините и пријателите. Ќе имате многу енергија и ќе знаете самите животот да си го направите поинтересен. Добро ви се аспектирани долготрјаните работи како и работите поврзани со недвижнини.

Јарец

Подгответе се однапред денес и утре ве очекува многу работа. Ако не можете сами побарајте некој кој ќе ви помогне. Не дозволувајте некој злобен колега да ви ги расипе вашите работни планови. Во љубовниот живот не ги ги сокривајте емоциите

Водолија

Не ја пропуштајте приликата за нови љубовни познанства кои денеска ќе ги има повеќе од обично, бидејќи би можеле да започнете една многу добра љубовна врска. Особено ако сте осамени денеска ќе бидете на прав пат да пронајдете сродна душа.

Риби

Многу е важно да можете да креирате нова работна ситуација која паралелно ги исполнува вашите духовни интереси и ви носи важна материјална корист. Нема потреба да се однесувате театрално во друштво на вашата сакана личност. Прилагодете ја вашата улога во склад со заедничките афинитети.

 

To Top