Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (11.02.2018)

Овен

Имате многу малку време за да ја остварите мисијата на наоѓање начин да ги убедите вашите сакани дека работењето заедно на истата страна е подобро од продолжувањето на бесмислените расправии – кои не помагаат никому. Со тоа, вие можете да го направите само тоа што можете – и не можете да ги живеете туѓите животи за нив. Ако не сакаат да соработуваат, не оптоварувајте се околу тоа.

Бик

Кажувањето на вистината не е само во вашата природа – тоа е навистина внатрешна реакција која се удвојува кога ви претстои официјален бизнис. Сега, без оглед на тоа колку анксиозно очекувате нечиј одговор на осетливото прашање, нема да сакате да го ублажите или да се откажете, ниту малку, дури и ако знаете дека тие повеќе би сакале да не отворивте толку голема тема со големите сили како што се. Па добро. Почитта е она што ги спојува различните односи.

Близнаци

Верувале или не, вие сте експерт за романса. Вие само не правите така како што прават другите. Кога сакате да имресионирате некого, не купувате само пица и пиво, туку ги воодушевувате со најелегантната мода со лимузини, добро вино и билети за театар. Сепак, ако не можете да си го дозволите тоа, не грижете се. Ако некој може да ја направи навистина посебна и елегантна вечерта со пица и пиво, откако ќе ги извадите свилените салвети, сребрените свеќници и најдобриот кинески порцелан, тоа сте вие.

Рак

Работевте толку напорно и толку долго на еден конкретен проект што ви е незамисливо да го завршите – слично како добра книга. Тоа е добро, ако се брзате да започнете нешто ново – а ако не? Ако сè уште се обидувате да го привлечете вниманието на одредена авторитетна личност за вашиот следен проект, во секој случај дадете мали наговестувања. Известете ги дека сте во завршната фаза и дека би сакале да го чуете нивното извршно мислење за тоа што е следно.

Лав

Вашиот знак е познат по магнетизмот и внатрешната способност за искушување на кој било да направи сè само  со едноставно предложување на „тој начин“. Па кога некој кој е тотално неодолив ќе помине, ќе направите сè што е во ваша моќ за да поминете некое време заедно. Ако сте веќе заедно, уште подобро. Но, нема да работите помалку или пошармантно, и тие ќе бидат исто толку занесени по вас како што беа првиот пат кога ги воодушевивте. Ако не се ваши, да речеме дека ситуацијата нема да остане таква подолго време.

Девица

Желбата за далечно патување не само што е пред вас туку е и во вашата имагинација и предизвикува ненаситен нагон да појдете на местото кое отсекогаш сте сакале да го видите. Во моментов, да отидете таму за вас е најважната работа во светот. За среќа, знаете каде и кога да одите и да ја поведете со вас вистинската личност. Сега, пакувајте се. И спакувајте многу црни и црвени алишта.

Вага

Вие ни најмалку немате злобен дух. Но сепак, можете да бидете повремено испровоцирани од однесување што е пониско за вас. Тоа се случува само ако некој ви покаже помалку од целосна почит за некоја добротворна активност или некој што го сакате. Ако веќе сте биле предупредени за ова или ако знаете дека се чуло за вашето справување со некој нељубезен човек, нема да се двоумите да ги испукате зборовите како од пиштол. И треба да го направите тоа.

Шкорпија

Ако некој сака предизвик, тогаш без сомнение тоа сте вие. Не е важно дали е кажан или само е навестен. Па сега, кога еден пријател кому долго време му се восхитувавте за неговата храброст ќе ви понуди нешто што ќе звучи како пријателски и инспиративен предизвик, нема да се двоумите ни за секунда. Можеби ќе треба, сепак, да му објасните на вашиот партнер, посебно ако не се очекувало од вас да исчезнете од видик заради тоа што не сте можеле да го одбиете предизвикот.

Стрелец

Често се прашувавте што би можело да се случи со луѓето кои зависат од вас, ако одлучите да престанете да се грижите за нив – или ако не можете веќе да се грижите за нив. Дали би потонале, би испливале или би нашле некој друг да се грижи за нив? Во секој случај, не би можеле да живеете со чувството на вина. Време е да си направите услуга себеси и на вашите обврски. Дадете им неколку препорачани броеви и мотивирачки разговор, излезете и видете што ќе се случи.

Јарец

Кога вие одлучувате да земете неколку слободни денови, тоа е сосема поинакво искуството од она на остатокот од светот. Вашите пријатели и семејството не се навикнати да не ве видат или чујат подолго од неколку саати, па вашето отсуство буди секакви мисли. Расположени сте да исчезнете од светот во моментов. Но, сепак бидете фини. Јавете се кога знаете дека нема да бидат дома за да се јават, и оставете порака.

Водолија

Прво нешто ова утро, ќе треба да одлучите што да му подарите или да направите за вашиот драг, вашиот најдобар пријател или кој било што ве трпел во последно време, без разлика на тоа што сте изведувале. Знаете дека не беше лесно, знаете дека ним би им се допаднало и знаете дека го заслужуваат тоа. Дадете сè од себе. Вашите чувства ќе бидат очигледни во секој случај. Добро би било да има сладок спомен заедно со моментот.

Риби 

Време е да мислите за она што е важно за вас – но сепак, не е ни потребно да ви се каже тоа. Најверојатно било скоро невозможно во последно да мислите на нешто друго. Ако можете да најдете изговор за ситуациите во кои се бара од вас да се однесувате лицемерно, подобро направете да бидете недостапни. И бидете подготвени да се справите и со некои незгодни акционерски финансиски работи.

To Top