Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (12.01.2018)

Овен

Ќе бидете немирни ќе се чувствувате несигурно, а постои опасност да изгубите некои вредности во кои до сега сте уживале. Ви се закануваат судири кои нама да бидат безизлезни. Финансиската ситуација додатно ќе ја влошува вашата состојба.

Бик

Ќе имате доста енергија, па ќе бидете многу активни, но ќе треба да внимавате вашите активности правилно да ги насочите. Ќе бидете превртливи и непромислени. Финансиската состојба не е најдобра но е солидна. На интимен план ќе имате убав ден.

Близнаци

Неповолниот аспект од Јупитер ви носи напнатости во финансиите, но ќе успеете да се извлечете од кризата. На работното место односите со соработниците и претпоставените ви се доста нестабилни особено кога се во прашање некои деловни договори и решавање на проблеми.

Рак

Ќе имате многу енергија, па одлично ќе ви напредуваат работите поврзани со учење нови нешта. Ќе успеете да ја отворите вратата која подолго време ви била затворена. Ве очекува голем успех. Финансиската состојба не ви е стабилна.

Лав

Избегнувајте дружење и работи кои ви создаваат нервози. Ви се закануваат и опасности од судири во приватниот и деловниот живот. Зголемена ви е и можноста од трајни непријателства. Настојувате да живеете што помирно. Сентименталните односи ќе ви бидат напнати.

Девица

Сеуште се можни непријатни изненадувања кои исто така ќе ви пречат во плановите. Се што е поврзано со тајни лошо ви е аспектирано па настојувајте во секоја ситуација да бидете отворени и јасни. Ќе морате да бидете потактични и во сентименталните односи.

Вага

Ќе бидете помирни и концентрирани. Не е е исклучена можноста од непријатни изненадувања. Избегнувајте озборувања и бидете максимално дискретни, па на тој начин ќе ги избегнете непријатностите. Емоционално сте помирни и стабилни.

Шкорпија

Ќе ве нервира односот на вашиот претпоствен кон вашите соработници и ќе се потрудите да преземете нешто околу тоа, што се разбира не ве советуваме. Дури и озборувањата можат да ви бидат штетни. Денес најголемата преокупација ќе ви биде љубовниот живот.

Стрелец

Работите ви се одвиваат онака како што посакувате. Во овој момент не треба да очекувате стресови. Ќе имате и доста енергија, но морате да внимавате да не претерате, бидејќи ќе бидете помалку немирни и склони постојано некаде да брзате.

Јарец

И понатаму бидете многу внимателни во комуникациите со претпоставените бидејќи на тој план владеат напнатости. Колегите и соработниците ќе ви бидат наклонети, па сега најдобро е да се обидете да се движите, по заобиколени патишта. На интимен план ситуацијата ве е значително подобра.

Водолија

Добро ќе се сложувате со претпоставените, но внимавајте да не се најдете изолирани со своите нервози. Се почесто ќе бидете уморни што ќе ја зголеми вашата раздразливост. Финансиската ситуација не е онаква каква што посакувате да биде, па ќе морате да се потрудите повеќе за тоа.

Риби

Денот е добар за планирање на идните активности и работи кои се пред вас. Вашата ситуација не е стабилна па затоа бидете повнимателни. Нема добро да напрвите ако се препуштите само на среќата. Добро размислете, а поголемо внимание посветете им и на сопствените интереси.

 

GOLD
SN Finansii
To Top