Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (12.02.2018)

Овен

Денес би можеле да бидете нервозни без некоја посебна причина. Емоциите ќе ви бидат на исклучително високо ниво. Другите нема да имаат разбирање за вашиот начин на комуникација. Можно е да се случи некој директно да ви каже се што мисли за вас во лице.

Бик

Вашиот мирен и бавен пристап кон работите би можел да ги живцира луѓето околу вас. Не таложете негативна енергија во вас, исфрлете ја преку некоја физичка активност. Ова е еден од оние денови кога треба да се наоружате со насмевка и трпение.

Близнаци

Ова е добар ден за вас. Ќе бидете брзи и практични. Ќе сакате да си посветите малку повеќе внимание на себе си, односно на физичкиот изглед. Не се затворајте во домот, без оглед дали сте слободни, излезете и дружете се.

Рак

Дадете се од себе за да го издржите денешниот ден. Не се срамете јасно и гласно да кажете што мислите без оглед какви ќе бидат критиките на околината. До некои ваши цели ќе стинете само доколку бидете дисциплинирани. Научете да штедите пари.

Лав

Ова е одлично време за преземање на ситуацијата во ваши раце. Направивте се што е потребно за да се подготвите, денес е ден за иницирање на нешто ново. Соочете се со своите противници лице во лице. Енергијата ќе биде на високо ниво.

Девица

Недостигот на финансии ве тера да ја менувате филозофијата на животот и да се приспособувате кон ситуацијата. Очекувањата од партнерот ви се намалени. Тоа ретко се случува, но денес ќе морате сами да донесете одлука која ќе смени многу работи во вашиот живот. Колегите се однесуваат чудно и кај вас предизвикуваат променливи емоции.

Вага

Денес ќе доживеете огромен успех. Веројатно сте постигнале некоја од вашите долгорочни цели. Ќе добиете пофалби од сите страни. Можно е и зголемување на приходите. Без оглед што ќе се случи, бидете сигурни дека тоа сте го заслужиле, уживајте во убавите мигови.

Шкорпија

Денес можно е да одлучите да и се придружите на некоја група која се занимава со проучување на нештата на духовна база. Сите во таа група ќе бидат многу емотивни, па затоа можно е и вие да се отворите и да откриете нешто повеќе за вас. Потребен ви е одмор и релаксација.

Стрелец

Вашата финансиска ситуација ќе биде потпомогната со ненадеен пресврт на ситуацијата на кој не сте се надевале. Најверојатно се ќе биде одиграно во ваша корист. Денес е одличен ден за склопување на нови договори но не заборавајте да ги прочитате ситните букви.

Јарец

Некој проблем за кој долго време сте барале решение денес најверојатно ќе биде решен. Ќе имате среќа, па целата ситуација ќе се заврши поволно. Ќе имате среќа и во игрите, инвестирањето во акции или лото ливчето. Бидете смирени и гледајте како парите ви доаѓаат.

Водолија

Вашата физичка енергија денес ќе биде неверојатно силна. Нема да сакате ниту на момент да седнете или да останете во домот. Постојано ќе барате некои нови и нови обврски кои ќе сакате да ги завршите. Немате секогаш ваква енергија, па затоа искористете ја оваа што ненадејно ви се појави денес.

Риби

Ќе почувствувате налет на страсти каков што долго време не се почувствувале. Обидете се да го сокриете одушевувањето, бидејќи некој може погрешно да ве разбере. Не сакате премногу да ги откривате мислењата, но бидете свесни дека околината донекаде ги чувствува.

To Top