Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (13.02.2018)

Овен

Многу убаво ќе се чувствувате. Настојувајте што подобро да ги искористите поволните аспекти. Дружете се со луѓето, бидејќи тоа ве освежува и ви дава сила. Енергетски ќе се чувствувате добро и само малку работи ќе ве заморуваат. Многу ќе ви користи движење и патување.

Бик

Очeкувате некоја парична помош, но тешко ќе се одвива таа ситуација. Обратете се до семејството тоа ќе ви помогне. Овој ден е поволен да зачекорите подлабоко во кариерата, можно е напредување. Проблемите денес ќе ги решавате веднаш и нема да размислувате за последиците. Вашето здравје е одлично, продолжете со физичките активности.

Близнаци

Многу лесно им верувате на приказните кои ви ги раскажуваат лицата околу вас. Внимавајте некој во вашата околина не ви мисли добро. Проблемот кој ќе ви го направи може сериозно да ве растажи. Организирајте семејно дружење, опуштете се и уживајте, имате потреба од тоа.

Рак

Оние што се во врска ќе ја изненадат саканата личност со предлози полни со активности и динамика.Добро ќе се справувате со тешки и значајни теми. Некои ќе бидат изоставени, или пак пред нив ќе бидат поставени поголеми задачи. Од финансиска гледна точка би требало да остварите добри резултати, па поради тоа може и да прославувате.

Лав

Работете ја работата посериозно и целосно. Површното работење може негативно да делува врз вашата работа, а особено врз финансискиот дел. Поради новонастанатата ситуација на работното место ќе морате некои работи да ги менувате од корен. Не донесувајте битни одлуки на брзина.

Девица

Имате некаков внатрешен проблем, побарајте совет од некој Бик, тоа е најискреното и најдиректното лице кое најмногу ќе ви помогне. Нека не ве растажува финансиската ситуација која ви задава проблеми во општеството. Следат поповолни периоди.

Вага

Надворешните проблеми не се толку тешки за да ве спречат во постигнувањето на вашите цели. Но сепак сметајте на намалена концентрација. Одлично ќе се разбирате со колегите и претпоставените. Во љубовните врски односите се заоструваат, а слобоните треба да внимаваат со кого ќе започнат љубовна врска.

Шкорпија

Ви се закануваат непријатности поврзани со комуникациите, па најдобро би било да не претерувате со дружењето и да не очекувате туѓа помош. Би можеле многу да се разочарате. Ќе имате и стресови поради некои неочекувани реакции на луѓе од вашата околина. Би било добро да ги избегнувате работите поврзани со комуникации, не очекувајте ништо од претпоставените нити од колегите.

Стрелец

Напнатоста се намалува, ќе бидете задоволни со себе, а ќе се подобрат и односите со соработниците, роднините и пријателите. Ќе имате многу енергија и ќе знаете самите животот да си го направите поинтересен. Добро ви се аспектирани долготрјаните работи како и работите поврзани со недвижнини.

Јарец

Подгответе се однапред денес и утре ве очекува многу работа. Ако не можете сами побарајте некој кој ќе ви помогне. Не дозволувајте некој злобен колега да ви ги расипе вашите работни планови. Во љубовниот живот не ги ги сокривајте емоциите

Водолија

Не ја пропуштајте приликата за нови љубовни познанства кои денеска ќе ги има повеќе од обично, бидејќи би можеле да започнете една многу добра љубовна врска. Особено ако сте осамени денеска ќе бидете на прав пат да пронајдете сродна душа.

Риби

Многу е важно да можете да креирате нова работна ситуација која паралелно ги исполнува вашите духовни интереси и ви носи важна материјална корист. Нема потреба да се однесувате театрално во друштво на вашата сакана личност. Прилагодете ја вашата улога во склад со заедничките афинитети.

GOLD
To Top