Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (17.02.2018)

Овен

Денот одлично се рефлектира на овој знак, па затоа очекувајте некое пријатно изненадување. Верувате дека сте во прилика да се договорите со еден Бик, Близнаци или Рак за некој ангажман кој најверојатно ќе ве однесе на некој пат. Ќе добиете можност да ги покажете вашите таленти.

Бик

Верувате дека една Вага, Близнаци или некој друг Бик ќе бидат фер кон вас кога станува збор за некоја нова работа или заеднички пат. Имате прилика да одите на пат со лицата кои ви се драги, особено со некој со кој веќе некаде сте патувале. Можно е да добиете повик за патување и од некое поголемо друштво. Можна е поволна вест за пари.

Близнаци

Денот ви носи многу нови работи кои ќе бидат интересни што во голема мера ќе ви го олесни донесувањето на одлуките околу кои имате некакви дилеми. Ова би можел да биде интересен ден за повеќето претставници на вашиот знак, особено за оние кои очекуваат да им се јави некоја Водолија.

Рак

Денот ви носи нови можности за разгледување на се што се однесува на некој нов проект. Ако ви се допаѓа идејата за заминување на пат, веројатно ќе бидете во прилика да се договорите со некој кој дели слични идеи како и вие. Верувајте во добрите намери на еден Овен.

Лав

Денешниот ден може поволно да се одрази на оние кои планираат работа со Близнаци или Девица. Имате добри планови, особено кога станува збор за работа во доменот на уметноста или науката. Многумина имаат за вас високо мислење а вие воопшто не сте свесни за тоа. Трудете се да ја добиете довербата од некој Овен.

Девица

Верувате дека можете да излезете на крај со еден Лав кој во голема мера ви ги расипува плановите и не е подготвен да биде искрен со вас. Не би требало премногу да очекувате од некој кој најпрвин не е искрен. Бидете реални во своите очекувања.

Вага

Очекувате да ви се јави една Водолија со која секогаш убаво сте се сложувале. Не би требало премногу да се оптеретувате со тоа што го мисли една Шкорпија или некој Јарец. Бидете истрајни во спроведувањето на вашите планови. Постои извесна несигурност. Ќе имате средба со некој човек, која воопшто нема да биде пријатна.

Шкорпија

Некој смета на вас но вие ќе му дадете на знаење дека сакате да бидете максимално самостални во одлуките. Немате потреба на никого да му делите совети, без оглед дали се работи за мали или големи проблеми. Многу сте популарни во друштвото во кое ретко кој може да ви биде конкуренција, без оглед со што се занимавате.

Стрелец

Транзитот на месечината преку Лав и транзитот на Сонцето преку вашето астролошко поле за тајни и непријатели може да ви донесе двоумење меѓу два проекти или меѓу државна и приватна компанија, но и појава на нови непријатели и намалени можности. Можете да се надевате на добар развој на работите само доколку побарате помош од Јарец или Водолија.

Јарец

Ова би можел да биде исклучително поволен ден за оние претставници од овој знак кои се подготвени да започнат некој нов проект заедно со некој, најверојатно заедно со Лав, Вага или Бик. Стрелецот или Овен не се баш сјајни партнери во моментов, а не е пожелно да ги прашувате ниту за совет.

Водолија

Потребно е да се привикнете на условите кои ви ги наметнува некоја Вага, Близнаци или некој Лав. Транзитот на месечината преку Лав значи за вас нова деловна можност и шанса да дојдете до некоја подобра работа со помош на некој Бик или Водолија. Би требало да го решите прашањето за долговите кои ве измачуваат подолго време.

Риби

Напорен ден за повеќето претставници на вашиот знак кои немаат мир поради работата и амбициозните планови. Се чувствувате способни за големи работи и веројатно ќе ви појде од рака да се договорите со некој кој ви нуди добри услови за работа околу нешто што на вас комплетно ви одговара.

GOLD
GoldSlot
To Top