Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (22.02.2018)

Овен

Верувате во можноста за средба со некој кој ви ветил заедничка соработка, дури иако се работи за лице во кое немате многу доверба. Би можеле многу повеќе да заработите кога би покажале поголема иницијатива во работата со Риби, Рак или Јарец. Вашата тврдоглавост ви донесува помали проблеми во комуникацијата со Рак и Шкорпија.

Бик

Денот ви донесува некои нови можности на професионален план и ако се поставите пријателски кон еден Рак, Јарец или Шкорпија можете да очекувате нови деловни понуди, зголемување на приходите или некаков друг вид на унапредување. Можете да добиете неочекуван повик од странство. Се плашите дека би можеле да имате проблеми со финансиите.

Близнаци

Многу сте инвентивни и полни со нови идеи. Ќе го препознаете вистинскиот момент да започнете со некои нови деловни аранжмани. Се трудите да ја зацврстите вашата положба на работа бидејќи ви е овозможена ретко добра прилика да покажете се што знаете. Љубомората на вашиот партнер е она што ве мачи. Здравјето ви е стабилно.

Рак

Бидете внимателни во врска со склучувањето на нови договори, особено ако некој и понуди партнерски однос. Ќе ви дојде во посета лице кое ќе ве заинтригира со предлозите. Ќе бидете повикани на семејна свеченост или на некоја друга прослава каде ќе бидат присутни многу млади лица. Склони сте на повреди.

Лав

Со нешто сте незадоволни и колку и да се обидувате да го сокриете тоа, околината забележува дека со вас се случува нешто. Можно е да сте на некого љубоморни или пак вашиот љубовен живот е незадоволувачки и тука е сржта на сите ваши проблеми. Можеби ќе слушнете нешто за себе што не е вистина. Придржувајте се до советот од лекарот.

Девица

Се наоѓате во многу активен интелектуален период. Имате шанси да пронајдете работа и да заработите многу добро. Имате повеќе идеи отколку време, па би било добро малку подобро да се организирате. Еден Овен или Јарец се обидуваат на оригинален начин да го привлечат вашето внимание. Можна е појава на алергија.

Вага

Во центар на вниманието сте и тоа е така поради нешто што порано сте го изјавиле. Планирате некаква промена на работа и имате потреба за работно место на кое би дошле до полн израз. Во љубовта сте прилично таинствени, се обидувате да го заинтригирате партнерот. Ве оптеретува системот за варење.

Шкорпија

Претставниците на овој знак кои се во брак или во стабилна врска ги очекуваат расправии. Работите брзо можат да се доведат во ред доколку бидете подготвени отворено да го изразите тоа што ве прави незадоволни. Вашата потреба да ги потискате проблемите и да ја прикривате реалноста ќе ви донесе големи проблеми.

Стрелец

Среќен ден за вас. Ќе се чувствувате удобно во своја кожа, а тоа е така бидејќи бележите успеси на повеќе полиња. Ова е поволен период за секакви активности. Во љубовта работите се менуваат на подобро, а тоа на вас ќе ви донесе дополнителна среќа. Овој ден за вас ќе биде уште еден успешно поминат ден.

Јарец

На работното место блескате, речиси се ви е завршено и подготвено го чекате моментот некој да ве пофали. Во љубовниот живот е малку драматично, не можете да дознаете дали навистина ја сакате личноста со која сте заедно, се некако ви се чини дека врската нема смисла. Оние слободните не се во поволен период за нова љубов.

Водолија

Денес ќе имате огромна среќа, па затоа пожелно е да играте некоја игра на среќа, најверојатно ќе добиете награда. Околината, поточно семејството ќе ви бидат поттик и поддршка за да чекорите храбро во бурниот живот. Денес ќе слушнете некоја позитивна вест.

Риби

Ќе посакате сите обврски да ги завршите сами, но навистина ќе ви биде потребна помош за тоа. Побарајте помош од некој многу близок пријател, тој навистина нема да ве осуди за тоа. Ќе имате проблем и несогласување во семејството, редно време е да го промените однесувањето кон најблиските.

 

GOLD
GoldSlot
To Top