Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (23.02.2018)

Овен

Луѓето обожаваат да озборуваат и денес можно е до вас да пристигнат гласини токму за вашиот живот. Иако озборувањето може да биде забавно, никогаш не е интересно кога вие сте главен лик во него. Внимавајте колку откривате пред другите за вас. Бидете отворени, но не и за деталите кои може да станат пикантен трач.

Бик

Благодарение на интелигенцијата ќе постигнете завидни резултати. Ќе се најдете во ситуација да доминирате и да добивате пофалби. Работите ќе се одвиваат во ваша корист. Со помош на шармот и сопствената сила ќе успеете да ги совладате проблемите. Внимавајте на здравјето.

Близнаци

Потрудете се денот да го поминете во друштво со саканото лице. Партнерот сака да му посветите малку внимание. Не штедете се во таа смисла. Потребно е да внесете ведрина и позитивна енергија. Возвратената љубов ќе ви биде доволна за издржување на обврските во текот на денот. Успеавте да заштедите некој денар и тоа е за пофалба, продолжете така.

Рак

Насочете се кон покреативни идеи ако сакате да постигнете успех. Внимавајте на здравјето. Правите невозможни планови. Ве очекуваат изненадувања по кои треба да се ослободите од споредните работи. Движете се чекор по чекор и внимавајте на финансиите.

Лав

Во следните неколку дена можни се промени, помали или поголеми, на вашето работно место, на деловен план, на планот на вашите професионални активности или некаде каде што ги остварувате своите амбиции. Најбитно од сe е да не се потпирате само на она што ќе го видите, бидејќи има големи изгледи да донесете погрешни заклучоци.

Девица

Денес вашите сетила ќе бидат изострени и постојано ќе и се воодушевувате на убавината околу вас. Посетете некоја уметничка изложба или почесто слушајте пријатна музика. Нахранете ги вашите сетила. Секој допир од партнерот ќе ви донесе дополнителна возбуда. Препуштете и се на забавата и уживајте.

Вага

Уште од првите моменти по утринското отворање на очите ќе започнете со детално анализирање на работите и постојано двоумење. Воопшто нема да ви биде лесно да донесувате одлуки, а милионите мисли ќе создаваат хаос во вашата глава. Не брзајте да ги завршите работите туку-така, колку да се каже дека се направени. Подобро е да си оставите нешто и за утре.

Шкорпија

Честопати прво набљудувате, а потоа се вклучувате во разговорите. Денес нема да биде така. Во секој момент ќе бидете подготвени да се прилагодите кон било кое друштво. Со помош на вашата смисла за хумор и интелигентните забелешки и коментари веднаш ќе се слеете во групата. Остроумноста која ја поседувате ќе ви донесе повеќе од еден обожавател.

Стрелец

Интересните случувања во емотивниот живот уште повеќе ќе ја доведат до израз вашата позитивна енергија со која зрачите пред околината. Но, внимавајте да не претерате со искажувањето на чувствата, бидејќи веќе во наредниот момент може да се почувствувате емотивно слаби.

Јарец

Искористете ја инспирацијата и смислата за убаво таму каде што е потребно. Наместо да сте суетни и да се величате себеси, потрудете се на околината да и пренесете нежност и топлина. Ова е вистински момент да размислувате за љубовта, но не заборавајте ја и работата, следи период во кој ќе можете да напредувате.

Водолија

Бидете претпазливи во своите реакции, кои можат да бидат прилично избрзани, нервозни, а вие, поради други причини кои немаат врска со конкретното случување, да бидете расположени за расправија. На работното место сте осудени, внимавајте како се однесувате, пријателството и бизнисот не можат да се мешаат.

Риби

Искористете го овој ден за да излезете од комфорната зона. Тестирајте ја вашата трпеливост преку комуницирање со луѓе кои ве вадат од такт, направете нешто за кое што фантазирате долго време или храбро пријдете му на оној кој го буди вашиот интерес. Лесно ќе можете да ги изразите вашите мисли, па ќе бидете одличен соговорник. Ова е одличен ден за состанок, презентација или говор пред поголема публика.

Evrotip
Евротип
To Top