Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (25.02.2018)

Овен

Немате доверба во соработниците и мислите дека некој си поигрува со вас. Ако мислите дека сте пропуштиле некоја прилика, немојте да бидете толку сигурни и убаво погледнете околу себе. Работите кои ви ги сметате за допадливи и привлечни, партнерот ги набљудува со одредена доза на недоверба и има поинакви ставови.

Бик

Можна е појава на проблеми. Денес нема да биде лесно да излезете на крај со партнерите и блиските пријатели. Можеби сте толку многу лути на некоја личност, па не можете да изустите ни збор. Немојте да се грижите. Времето е на ваша страна. Всушност, правилното темпирање на времето е најважно.

Близнаци

Имате потреба од промена на активностите, па дури ќе ви паѓа на памет да ја промените работата и дејноста. Тоа најверојатно се должи на желбата за нови искуства и подвизи. Немојте да ги потиснувате амбициите, ама не треба ни по секоја цена да го менувате она што функционира. Здравјето ви е во одлична состојба, но тоа не значи дека треба да го запоставите.

Рак

На моменти работите ќе изгледаат како да сакате самите да ги комплицирате. Незадоволството ќе ве натера да креирате ситуации и да ги вртите околностите во своја корист. Можеби тоа е најдоброто решение во моментов, но ќе морате будно да го следите развојот на ситуацијата.

Лав 

Ова за вас ќе биде убав ден исполнет со омилените нешта. Денес вибрирате од креативна енергија и сте желни за забава и движење. Како резултат на зголемената свесност, некои проблеми од минатото ќе дојдат до точка на разрешување. Ќе имате јасна слика за некои случки од минатото.

Девица

Денес се чувствувате стабилно, после емоционалните состојби кои беа присутни во вчерашниот ден. Ќе доаѓате до некои заклучоци и ќе се насочите кон одржување на она што ви е важно. Вашата доверба во партнерот и некои блиски личности, се зголемува.

Вага

Поволен ден за повеќето припадници на овој знак. Полека но сигурно, ги поврзувате различните компоненти од мозаикот и добивате јасна слика за некои витални важни прашања и проблеми. Денес имате можност да го извлечете најдоброто, и од себе и од другите. Можеби ќе размислувате за тоа во кој правец да ги насочите работите, откако ќе стигнете до клучните увиди.

Шкорпија

Некој ви дава нејасни ветувања особено кога станува збор за работа со оние кои соработуваат со странци. Ќе добиете прилика да се докажете пред некој Овен или Лав дека тие треба да ја прифатат вашата понуда, особено кога станува збор за научен проект. Се трудите да покажете разбирање за оние со кои работите, но најверојатно ќе барате многу повеќе од нив.

Стрелец

Ако денес сте натпреварувачки настроени, бидете сигурни дека тука се крие тајната за успехот. Трошите енергија нервирајки се за неважни прашања и проблеми кои можете и сами да ги решите наместо да се потпирате на некој Рак или друг Стрелец. Ако се занимавате со спорт, уметност или дипломатија, ви претстои голем успех.

Јарец

Одличен ден за оние кои сакаат да се докажат во работата која бара креативност и подготвеност во секој поглед, како и големо жртвување. Одлично ќе ви оди комуникацијата со непознати лица или со лицата од маркетинг секторот. Верувате во добар исход на работите кои во моментов ви изгледаат прилично напорни и веројатно имате впечаток дека вие сте главното и одговорно лице.

Водолија

Астралните констелации кои се на дело не се хармонично поставени кон вас, особено ако често имате впечаток дека неправедно сте критикувани или дека сте предмет на заговор. Ќе бидете склони на претерувања и крајности. Сепак, со малку напор номете да задржите рамнотежа.Потпрете се на саканата личност.

Риби

Веројатно ќе добиете прилика да го водите разговорот кој ви го закажал вашиот надреден и кој е важен за вашето деловно докажување. Ако сте ги чекале своите пет минути, сега е време да ги искористите поволните случувања и да завладеете во вашиот сектор. Постои можност да добиете некоја награда или пари на игрите на среќа.

Evrotip
Евротип
To Top