Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (26.02.2018)

Овен

Вашата општа состојба е стабилна треба да бидете трпеливи и се ќе биде како што треба. Обидете се да владеете со себе доколку сакате да бидете задоволни. Земете го тоа што ви е понудено и сигурно ќе најдете среќа. Во соувршувањето е спасот. Но немојте да заборавате на саканата личност бидејќи може да добиете силни критики

Бик

Ќе бидете творечки расположени и ќе настапувате реално, огринално и интуитивно. Зафатете се со разрешување на проблемот од неговите корени и откријте ги причините. Ве очекува успех и можност за голема заработка, не се откажувајте, и самите знаете дека нема да биде лесно.

Близнаци

Денот е одличен за вашето хоби и за дружење со пријателите во вашиот дом. Не се оптеретувајте премногу со приказните во врска со несигурноста на работното место, најверојатно ќе дојде до позитивна промена. Не се нервирајте доколку ви се јави некој кој не ви е многу симпатичен, сепак ќе успеете да воспоставите добра комуникација.

Рак

Се трудите да бидете во добра физичка форма бидејќи сте свесни дека ве очекуваат прилично големи напори кога станува збор за работата која бара големо трпение, концентрација и пред се добра комуникација со соработниците. Можете да најдете заеднички јазик со некој Лав роден во јули или со Близнаците родени во мај.

Лав

Не сте сигурни дали сте во право кога станува збор за некој долгорочен проект или работа со некој кој има големи барања. Не сте сигурни дали треба да го прифатите извинувањето од некој Јарец, Рак или Риби, особено ако тие се помлади од вас бидејќи пред се не сте сигурни дали тоа било искрено.

Девица

Премногу несериозно се однесувате, вашата работа, приватниот живот и семејството го чувствуваат тоа. Мора да пронајдете нова метода за успех, оваа вашава е тотално погрешна. Инвестирајте во работата, ќе дојде време кога ќе имате големи приходи од неа. Внамавајте и на здравјето, претерано консумирате нездрава храна.

Вага

Соберете ги сите сили и останете продуктивни. Запомнете, без разлика колку бавно напредувате и колку грешки правите, вие секогаш ќе бидете чекор понапред од оние кои воопшто не се обидуваат да мрднат од место. Мотивирајте се, разговарајте со вашите соработници и побарајте поддршка, внимавајте на парите.

Шкорпија

Успешната тимска соработка, внатрешната хармонија, но и со околината носат пријатен и успешен ден. Бидејќи среќата ве следи на љубовен план, не оптоварувајте се со ситници, туку обидете се да се олабавите и да уживате. И покрај се, не ви е лесно, бидејќи се наоѓате во фаза на важни животни промени и одлуки.

Стрелец

Уверени сте дека имате повеќе непријатели отколку што изгледа. Астролошкото поле на тајни непријатели е оптоварено со Венера и Mарс кои само што не навлегле во вашиот знак поради што многумина навистина не се искрени со вас, но не за да не ви наштетат, туку себеси да се заштитат од нервозите кои ќе настанат доколку ви кажат некои нешта.

Јарец

Ќе се чувствувате посамоуверено и ќе бидете горди на својот успех. Посегнете по тоа што го сакате, без разлика колку застрашувачки изгледа тоа. Денес ќе бидете интуитивни и елоквентни. Ова е денот кога на најдобар начин можете ја презентирате вашата одлична идеја и кога слободно можете да го грабнете мегафонот за сите да ги слушнат вашите размислувања.

Водолија

Очекувате поддршка од влијателни лица, но малку повеќе од еден Јарец или некоја Шкорпија, немате баш многу добри пријатели на кои можете да им ги доверите вашите проблеми. Не навлегувајте во непотребни расправии бидејќи е нагласено астролошкото поле на јавноста и тајните непријатели.

Риби

Некои пари кои сте ги очекувале би требало да пристигнат. Спротивниот пол ќе покажува зголемено интересирање за вас. Искоритете ја добрата соработка со некоја Девица, и профитирајте. Ве очекува некакво непријатно изнендување, бидете подготвени на се.

 

GOLD
GoldSlot
To Top