Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (28.02.2018)

Овен

Под услов ако сте прифатиле нечија сугестија ќе успеете успешно да го решите проблемот. Пред вас е работа која бара издржливост и познавање на материјата. Ќе сакате тоа што побрзо да го решите, но тоа не зависи само од вас. Нервозната никаде не ве води. Ќе ја имате поддршката од пријателите или понуда за да отпатувате некаде. Прифатете се што можете. Некоја сака да ве освои.

Бик

Работата е стабилна, но можни се и некои помали грешки , кога е бракот во прашање може да има проблеми, бидејќи не сте во најдобри односи со супругот-та. Биковите кои не се во брак или врска ќе имаат можност да запознаат некоја многу интересна и привлечна личност. Можеби и ќе влезете во многу квалитетна врска.

Близнаци

Под услов ако сте прифатиле нечија сугестија ќе успеете успешно да го решите проблемот. Пред вас е работа која бара издржливост и познавање на материјата. Ќе сакате тоа што побрзо да го решите, но тоа не зависи само од вас. Нервозната никаде не ве води. Ќе ја имате поддршката од пријателите или понуда за да отпатувате некаде. Прифатете се што можете. Некоја сака да ве освои.

Рак

Ви се отвораат хоризонти ништо не е невозможно. Ако сте поврзани со странство, студии, уметност, мода со работа со луѓе, ќе ви се отвори вратата за се што ќе работите. Сите креативни работи ќе се движат по нагорна линија. Некои од вас ќе обноват една пријатна друштвена врска и познанство. Емотивниот живот ви минува низ значајни промени и веројатно ќе си го најдете вистинското место.

Лав

Некои работи денеска ќе ви тргнат наопаку. Не треба тоа толку многу да ве загрижува и наместо да губите време во чекање и нервоза веднаш започнете со работите. Ќе бидете принудени да одлучите за некоја работа за која сеуште не сте сигурни. Внимавајте. Денеска можеби нема да почувствувате голема љубов тоа може да бидат само бурни страсти. Некој погрешно протолкуван гест кај вас ќе предизвика љубомора.

Девица

Ќе се бидете зафатени со купување и нарачување. Постои можност од некој екстравагантен трошок од ваша страна. Некоја личност од женски пол ќе игра важна улога во врска со вашата финансиска положба. Интелектуалната активност ќе ви биде зголемена, но под силно влијание на чувствата. Не ја трошете попусто енергијата на долги разговори со банални теми. Здравствената состојба ви е повеќе од добра.

Вага

Денот ќе го поминете со некоја личност која ви е доста драга. Нејзиното присуство ќе биде причина за вашето добро расположение, а и работите кои треба да ги завршите во текот на денот ќе ги завршите доста успешно. Бидете внимателни, кај вашиот партнер може да се јави мала доза на љубомора, доколку вашиот пријател е од спротивниот пол. Здравје: многу добро.

Шкорпија

Целосно и мирно ќе пристапите кон решавање и реализација на плановите врзани за општествените науки. Ве очекува успешна работа доколку се занимавате со некоја уметност, особено ако е во прашање книжевност. Очекувајте и поголема заработувачка доколку ја завршите работата најдобро. Бидете внимателни во односот со партнерот, бидејќи лесно можете да ја прекинете врската. Здравствената состојба е добра.

Стрелец

Денеска ќе бидете доста силни на зборови, но и на дело. Тоа што ќе го замислите ќе успеете и да го остварите. За квалитетен љубовен живот пресудни ќе бидат моментите поминати во нежност. Романтиката со партнерот уште повеќе ќе ве зближи. Домашните обврски ќе бидат на ваш грб. Плаќањето на сметките, грижата за децата и домашните задачи ќе ви бидат како тежина на главата. Сметајте на помош од родителите.

Јарец

Ве очекува мирна работна атмосфера. Односите со соработниците значително се поправаат. Очекувајте разговор со вашиот претпоставен кој ќе оди во ваш прилог. Финансиската ситуација е просечна, но секако дека треба повеќе да се ангажирате околу парите. Во љубовта ве очекуваат одредени потешкотии во односот со партнерот. Здравствената состојба ви е чувствителна можни се проблеми со циркулацијата.

Водолија

Време е да се позанимавате со обврските кои поради некои причини сте ги запоставиле. Регулирајте се што можете денеска ова е доста поволен ден. Во се што ќе започнете ќе имате голема поддршка од околината, што исклучително многу ќе ви значи. Во љубовта ќе почувствувате извесна стагнација, односите со партнерот не ви се средени и ќе се обидете да направите нешто околу ова прашање. Ќе имате успех.

Риби

Ќе наидувате на пофалби кои изразуваат подршка и воодушевување. Прифатете ги со отворено срце и не заборавајте искрено да се заблагодарите на секој знак на внимание кој денеска ќе го добиете. Ако повеќе размислете ќе сватите колку многу има луѓе на кои искрено му сте важни. Бидете среќни поради тоа-вие го заслужувате тоа. Здравје: многу добро.

GOLD
GoldSlot
To Top