Дневен хороскоп (29.12.2017) - Шеталиште

Новости

Астрологија

Дневен хороскоп (29.12.2017)

Овен

Проблемите не се решаваат со користење сила. Денес разбудете го дипломатот во вас и уверете се во магијата на добрите зборови. Однесувајте се со стил.
Можно е некој да ви отвори врата која сте ја сметале за затворена за вас на крајот на денот. Прифатете ја поканата што ќе пристигне до вас.

Бик

Денес ќе уживате во вашата работа и секој ваш успех ќе ви ја зголемува насмевката на лицето. Придржувајте се кон планот кој ќе го направите на почетокот од денот.
Ако сте во врска, можно е да започнете заеднички проект со вашиот сакан. Работењето заедно дополнително ќе ве зближи.

Близнаци

Денес мислите ќе ви „бегаат“ само на прекрасни места и постојано ќе верувате дека можете да ги достигнете ѕвездите. Обидете се, голема е веројатноста да успеете!
Многу е важно да не дозволувате вашето животно патување да стане монотон круг од рутини. Експериментирајте, менувајте се и прифаќајте авантури.

Рак

Малку ризикување не може да ви наштети денес, може само да ви го направи животот повозбудлив. Разбудете го вашиот авантуристички дух, прифаќајќи предизвик за кој честопати сте велеле дека никогаш нема да го прифатите.
Некои ракови ќе се судрат со силен конкурент на работното место.

Лав

Потсетете се колку е прекрасно да се биде лав денес и гледајте како среќата ви расте. Морате да верувате дека сте неверојатна личност ако сакате да ги убедите и другите во тоа. Љубовта кон себе е најважна за да имате среќен живот.
Многу е важно да не делувате без да мислите, независно колку наивна ви изгледа вашата постапка. Претпазливоста е пожелна.

Девица

Престанете да тропате на затворени врати! Денес најголемиот виновник за вашите солзи ќе бидете вие самите. Наместо упорно да молите за втора шанса, погледнете околу себе, ќе пронајдете можности кои не сте ги забележувале поради ограниченост.
Оптимизмот за вас ќе дојде природно вечерва, носејќи ве пред личност која сте ја сметале за недостижна за вас. Само ќе се уверите во спротивното.

Вага

Добрата идеја е безвредна ако не знаете како да ја реализирате. Денес пронајдете ги луѓето кои можат да ви помогнат да си ги остварите соништата и обединете ги со нив вашите ресурси. Повеќе глави секогаш мислат подобро од една.
Клучот за да го пронајдете изгубениот баланс е во тоа да се сетите кога сте го изгубиле. Што е она што ве расејува? Отстранете го од вашиот живот.

Шкорпија

Луѓето ја обожаваат вашата мистериозност и токму таа ве прави попривлечни од другите, но денес накратко тргнете ја таинствената маска од вашето лице и покажете се онакви какви што сте.
Верувајте ѝ на вашата интуиција! Доколку таа ви вели дека некој не ви ја кажува вистината, не му се доверувајте.

Стрелец

Страста ќе гори во вашето тело, создавајќи магична атмосфера во вашата љубовна врска. Дозволете им на чувствата да ве водат денес, па дури и тоа да значи партнерот да биде единствената личност која ќе ја видите.
Не сте во врска? Нема да можете да ја игнорирате желбата за обврзување. За многу стрелци денот ќе донесе нов почеток.

Јарец

Престанете да живеете по навика и започнете да живеете по намера. Денес умислено менувајте ги рутините кои веќе ви здодеало да ги правите. Променете го местото на кое пиете кафе, поздравете го соседот кој често го одминувате, работете ги работните задачи слушајќи музика…
Животот ќе ви се подобри само кога ќе одлучите да излезете од вашата сигурна зона и да експериментирате.

Водолија

Подготвени сте да му покажете не светот колку квалитети поседувате, но нечии зборови постојано ви ја уништуваат мотивацијата. Сфатете дека туѓото мислење не е важно сè додека се движите нагоре кон успехот.
Доколку вашата пречка е член од семејството, соочете со него. Објаснете му дека сами ќе го изберете вашиот пат.
Риби

Не, ова нема да биде еден од вашите вообичаени денови, бидејќи ништо нема да ви оди по план. Ќе се изненадите колку брзо ќе ги прифаќате промените и ненадејните измени во распоредот. Уживајте во неизвесноста и не се обидувајте да предвидите ништо.
Многу риби ќе успеат да надминат свој голем страв или фобија и да го изненадат светот со храброста. Само напред.

To Top