Новости

Астрологија

Неделен хороскоп (26.02 – 04.03.2018)

Овен

Пред вас се убави љубовни денови во кои ќе има многу прилики за зближувања. Вашиот социјален живот од ден на ден ќе биде сè побогат, а вие сè повесели. Немојте да седите дома, излезете меѓу луѓе, покажете се и уживајте.

Не сте свесни за своите можности. Од вас се очекува повеќе и подобро затоа што сте способни за тоа. Потрудете се да го сработите тоа што морате, а потоа посветете му се на она што го сакате. Така ќе напредувате на стабилен и сигурен начин.

Бик

Ќе бидете расположени за љубов, но другата страна ќе држи блага дистанца. Ќе ви треба малку повеќе труд за да и се приближите. Немојте да се откажувате, издржете. Оние што се млади полесно ќе се поврзуваат, а излегувања ќе има кај сите Бикови.

Пред вас се некои нови можности. Одговорите на претходно поставените прашања ќе стигнат. Тоа ве насочува кон понатамошна работа во која се пронаѓате себе си и гледате можности за реализација.Ќе бидете желни за нови сознанија и учење.

Близнаци

Во следните денови ќе дојде до постепено подобрување во вашиот приватен живот. Луѓето повторно ќе бидат поотворени кон вас, но и обратно. Многумина својата врска ќе ја обноват со излегување на некое убаво место. Оние што се сами повеќе ќе излегуваат.

Работната седмица ќе биде променлива. Од една страна, едвај ќе чекате да се изразите и да покажете што сè можете, но од друга страна за некои теми ќе биде помудро да се молчи или да се одложи коментарот. Најдобро ќе поминат оние што ќе знаат да балансираат.Следете ја својата интуиција.

Рак

Овие денови ќе ги намалите излегувањата и ќе се насочите кон заедничкото уживање во секојдневието. Нема да ви бидат потребни атракции. Ќе биде доволно да останете дома со саканата личност или да отидете на некое место каде што ќе бидете сами.

Како што ќе одминува седмицата вам ќе ви биде сè појасно дека вашата работа долгорочно, добро се развива. Ова сознание ќе ве исполни со мир и задоволство. Ќе бидете подготвени на секаква соработка. Исто така лесно ќе ги рушите предрасудите.

Лав

Можеби сте можеле да направите и повеќе, но нема причина за незадоволство. Сега своите сили ќе ги насочите кон зацврстување на она што сте го постигнале во приватниот живот. Помалку атракции, повеќе интимност и сè ќе биде во ваша корист.

Ќе се подобри атмосферата на работното место. Можно е провокаторите да отидат на  одмор, па на сите ќе им биде полесно. Некои ќе мора да ги завршат заостанатите работи и тоа ќе им оди на нерви. Недостигот на вистински предизвик во вас ќе предизвика монотонија. Ќе ви биде потребно повеќе сон и одмор.

Девица

Во следните денови вам постепено ќе ви се отвораат љубовните порти. Тоа ќе го забележите по расположението, повторно и почесто ќе се смеете. Тоа нема да биде бајка, но ќе биде охрабрувачко. Само немојте да реагирате на малите провокации. Ќе ги има и понатаму.

Ако работите и понатаму се движат, ќе се движите и вие. Ќе бидете подготвени да ги анимирате сите околу себе за да постигнете повеќе. Тоа воедно ќе разбистри некои работи во оперативната зона на работењето, па ќе почнете полесно да работите и ќе се знае која е чија задача.

Вага

Се чини дека полека доаѓате на свое. Бидејќи извесно време тоа го чекавте, ќе се израдувате. На повидок се забави на кои ќе се чувствувате пријатно. Во секој случај, немојте да седите дома. Одете меѓу луѓе.

Ќе излезе на виделина нешто што долго сте го чекале.Тоа ќе предизвика нови потези кои малку кој ги очекувал. Сите ќе се прилагодуваат. Вие ќе бидете личност од доверба и оној кој буди надеж дека може да се оди напред. Сметајте на одредени напори.

Шкорпија

Сега веќе можете полесно да зборувате и да ги проанализирате дилемите од своето љубовно минато. Партнерот ќе ве сослуша, но истото го очекува и од вас. Имајте го тоа на ум кога ќе почнете да се доверувате. Вашиот релаксиран стил ќе биде добро прифатен.

Откако ќе ги добиете потребните информации ќе тргнете во акција уште поревносно. Ова е веројатно ваше време кога ќе почнете да ги остварувате своите соништа. Нема да заборавите ниту една ситница. Само немојте да брзате. Сила имате повеќе од доволно.

Стрелец

Опуштеноста и пријатната атмосфера ќе владеат во вашите лични односи. Ќе бидете задоволни што во вашата врска се вратил оној, стариот мир. Оние што се уште сами со задоволство ќе излегуваат со пријателите преку кои може да сретнат нова љубов.

Повеќето работи ќе дојдат на свое место, а вие ќе почнете да работите потивко и помирно. Вам таквиот стил ви одговара. Доста ви е од бучава. Особено добро ќе се развиваат работите кои се поврзани со комуникациите или воопшто со патувањата. Така повеќе ќе се ангажирате.

Јарец

Ќе се зајакне довербата во врските. Ќе ја разбирате саканата личност повеќе од вообичаено, но и обратно. Некои од вас повторно ќе ги истражуваат темите кои подолго време не ги истражувале. Оние што се сами, љубов може да најдат на патување или во некоја интелектуална институција.

Сè уште добар дел од потезите зависи од другите, но вие полека преземате еден дел во свои раце. Добро е што е така затоа што вие знаете да управувате и сите подобро се чувствуваат кога е така. Поради тоа ќе дојде до подобрување на вашето работно место. Занемарете ja нервозата.

Водолија

Како што ќе одминува седмицата, вие ќе забележите дека вашите лични односи почнуваат да се подобруваат. Тоа ќе ве охрабри да бидете поотворени и посмело да им пристапувате на личностите од спротивниот пол. Оние што се во врска ќе бидат уште поблиски еден со друг.

Ги поставивте новите правила на игра и сега постапувате според нив. Напорно е, но немате друг избор. Прифатете ги новите предизвици и справувајте се со нив со помош на подобра организација на работата. Повеќе одмарајте.

Риби

Во следните денови вашите лични односи ќе се подобрат. Секој ден ќе бидете сè поподготвени да делите со другите. Саканата личност повторно ќе биде отворена кон вас. Организирајте некој излет или патување. Ќе ви биде убаво.

Многу нешта се пред вас. Нема многу време за одмор. Некои од вас ќе работат прекувремено. Работа ќе има многу и ќе биде атрактивна. Бидејќи долго време ова сте го посакувале, ќе дадете сè од себе за да успеете. Речиси ништо нема да ве попишмани. Од време на време ќе треба да сопрете и да се опуштите.

 

Evrotip
Евротип
To Top