Новости

Автомобили

Кој колку продаде во Европа во 2017-та година?

Два кросовери („Nissan Qashqai“ и „VW Tiguan“) и еден седан („Skoda Octavia“) ​​се натпреваруваат во Топ 10 со хечбек моделите во Европа. Резултатите за првите 10 месеци од 2017-та година се веќе јасни, без промени во првите позиции.

Лидер на стариот континент останува „Volkswagen Golf“, кој продаде 452.100 единици. Моделот има пад од 5,7% во споредба со истиот период во 2016-та година. Сепак, „Golf“ има голем напредок во однос на „Renault Clio“ со продажбата од 304.500 возила (зголемување од 11%).

Трет е „Volkswagen Polo“ со 303.600 продажби со пад од 7.1%. Следат „Nissan Qashqai“ со 244.900 едници (+ 7.3%) и „Ford Fiesta“ со 229.100 возила (-12.9%).

Во првите десет на европскиот пазар се „Skoda Octavia“ – 221.600 (-0.4%), „Volkswagen Tiguan“ – 221.400 (+ 41.9%), „Ford Focus“ – 212.600 (+ 7.5%), „Opel Corsa“ – 218.900 (-10.6%) и „Peugeot 208“ – 207.750 (-4.7%).

Извор: денар.мк

 

To Top