Новости

Автомобили

Познати се финалистите за „Светски автомобил на годината“

Организаторите на конкурсот „Светски автомобил на годината“ ја објавија листата од финалистите кои ќе се борат за првото место. Во него влегуваат 10 модели – три јапонски, по два германски и англиски, и по еден шведски, јужнокорејски и италијански. Победникот ќе биде објавен на 28-ми март за време на автосаемот во Њујорк.

За титулата „Најдобар автомобил во светот“ претендираат „Alfa Romeo Giulia“, „BMW X3“, „Kia Stinger“, „Land Rover Discovery“, „Mazda CX-5“, „Nissan Leaf“, „Range Rover Velar“, „Toyota Camry“, „Volkswagen T-Roc“ и „Volvo XC60“. Последниот од нив – кросоверот на „Volvo“, претходно овој месец беше избран за „Најдобар теренец“ во САД.

Во категоријата „Најлуксузен автомобил“ за првото место ќе „борат“ моделите „Audi A8“, „BMW 6-Series Gran Turismo“, „Lexus LS, Porsche Cayenne“ и „Porsche Panamera“. Кај „Спортските автомобили“ претендентите се „BMW M5“, „Alfa Romeo Giulia Quadrifoglio“, „Audi RS Sedan“, „Honda Civic Type R“ и „Lexus LC 500“.

За победата во класата „Најдобар зелен автомобил“ ќе се натпреваруваат „BMW 530e iPerformance“, „Chevrolet Cruze Diesel“, „Chrysler Pacifica Hybrid“ и „Nissan Leaf“, а за „Најдобар градски автомобил“ – „Ford Fiesta“, „Hyundai Kona“, „Nissan Micra“, „Suzuki Swift“ . Тука е и категоријата „Најдобар дизајн“, во која до финалето стигнаа „Citroen C3 Aircross“, „Lexus LC 500“, „Range Rover Velar“, „Alpine A110“ и „Volvo XC 60“.

Во минатата година за „Светски автомобил на годината“ беше прогласен „Jaguar F-Pace“, а во 2016-та година титулата ја освои „Mazda MX-5“.

denar.mk

Студирајте на БАС
To Top