Новости

Автомобили

Alfa Romeo прави нов спортски модел – „6C“

Италијанскиот производител „Alfa Romeo“ работи на сосема нов модел кој може да биде лансиран оваа година. Информациите се од тјунинг компанијата „Pogea Racing“, која работи повеќе од 20 години на автомобилите на компанијата.

Според изворите на студиото, моделот ќе се вика „6C“, а до крајот на годината ќе ја видиме неговата концепциска варијанта. За 2019-та година, премиерата на автомобилот е закажана, а една година подоцна ќе биде пуштен во продажба. Основата на спортскиот автомобил ќе биде платформата на седанот „Giulia“, а големината на „6C“ ќе ја надмине онаа на „4C“.

Идниниот „Alfa Romeo 6C“ ќе добие 2.9-литарски бензин V6 со двоен турбо. Моќта на агрегатот кој кај „Giulia“ е 510 КС ќе биде малку намалена на 500 КС. Погонот ќе бидат пренесен на задните тркала, и засега нема информации за системот 4×4.

Покрај спортското купе, италијанскиот производител планира да понуди уште еден „SUV“ на пазарот до 2020-та година. Тој ќе биде со поголеми димензии и ќе се позиционира над сегашниот „Stelvio“.

Извор: denar.mk

Студирајте на БАС
To Top