Новости

Автомобили

Alfa Romeo Mito би можел да стане кросовер

Италијанско-американскиот гигант „FIAT Chrysler Automobiles“ (FCA) има во план во целост да ја промени класата за малиот „Alfa Romeo“ модел „Mito“.

„Mito“ е мал хечбек со три врати кој на пазарот се појави во 2008-ма, а името го доби по италијанските градови Милано и Торино.

Во меѓувреме доби неколку подобрувања, но никогаш не успеа да привлече поголемо внимание на јавноста.

Десет години подоцна, кога ретко кој производител на пазарот има автомобил со три врати, а дури и „Ferrari“ планира да влезе во сегментот на „SUV“ возила, и „Mito“ би можел да го следи тој тренд.

Првиот човек на „FCA“, Серџо Маркионе најав дека „Mito“ би можел да стане кросовер кој би и овозможил на „Alfa Romeо“ дополнително да се вклучи во моментално најбрзорастечкиот сегмент во автоиндустријата.

Откако „Alfa Romeo“ во претходната година на пазарот ги претстави лимузината „Giuliа“ и „SUV“ моделот „Stelvio“, старите модели како „Mitо“ и „Giuliettа“ не се на посакуваното ниво.

И додека се уште се чека одлуката за новата генерација на „Giuliettа“ која би требало да го задржи актуелниот изглед на каросеријата, „Mito“ веројатно ќе мора да се трансформира.

Особено откако Маркионе најави дека компанијата ќе се насочи надвор од Европа (која е интересна само со „FIAT“ семејството „500“), кон другите глобални пазари, пред се Северна Америка и Кина.

„Mito“ и „Giulietta“ едноставно не се вклопуваат во тоа што тој го бара на тие простори, премногу се мали и за САД и за Кина.

Од таа причина „Alfa Romeo“ кон крајот на оваа деценија ќе го претстави својот најголем „SUV“, кој ќе биде една класа над „Stelvio“, a кој ќе има „благ“ хибриден погон и 400 KS.

 

Извор: denar.mk

GOLD
GoldSlot
To Top