Новости

Автомобили

BMW произведе 100.000 единици од моделот i3

„BMW“ објави дека производството на „i3“ електрични возила достигна 100.000 единици. Моделот се појави во втората половина на 2013-та година и беше составен во фабриката во Лајпциг. За 2018-та година „i3“ доби скромно дотерување, но уште поважно е дека пред тоа компанијата го зголеми досегот со едно полнење.

Во моментов „BMW“ произведува по 120 автомобили „i3“ на ден, како и минатата година се произведоа 26.631 единици од моделот. Во споредба со спортскиот и многу поскап хибрид „i8“, компактниот „i3“ е доста успешен. Минатата година производството на „BMW i8“ достигна 2.783 единици.

Сега „BMW Group“ се приближува кон друга многу важна пазарна граница – наскоро компанијата ќе отбележи реализација на светскиот пазар од вкупно 200.000 „plug-in“ хибридни автомобили.

Догодина подмарката на „BMW“, „i“ ќе се збогати со „i8 Roadster“, кој ќе се базиран на стандардниот „i8“, како и за двете верзии на моделот е предвидено зголемување на моќноста и досегот.

Плановите на „BMW“ се во 2025-та година компанијата да нуди 25 електрифицирани модели, односно хибриди и целосно електрични.

Извор: denar.mk

To Top