Новости

Автомобили

Golf добро се продава и кога е на струја (видео)

Зголемената побарувачка за „Golf“ на електричен погон ги принуди челниците на „Volkswagen“ да воведат дополнителна смена во производниот погон во Дрезден.

Па така дневното производство двојно ќе се зголеми од 35 на 70 единици, односно од 1.050 нa 2.100 примероци од „e-Golf“ месечно. Планирано е овој раст да биде постепен, а ќе започне од март 2018-та година.

„е-Golf“ е опремен со батерија од 35,8 kWh која овозможува домет од околу 200 километри, што е значјно повеќе од претходната верзија од 24,2 kWh и досега од 135 km.

Ова подобрување на дометот веројатно е главната причина за зголемената побарувачка за моделот „Golf“ на електричен погон.

Се шпекулира дека „VW“ уште еднаш ќе ја подобри својата батерија во „e-Golf“, пред него компанијата да мине на новата „MEB“ платформа и на „I.D.“ семејството, а се очекува дека ќе поседува капацитет од 48 kWh и ќе овозможи досег од 265 km.

Извор: денар.мк

GOLD
SN Finansii
To Top