Новости

Автомобили

Jeep конечно го покажа новиот Wrangler (фото)

Американската компанија „Jeep“ официјално ја објави новата генерација на „Wrangler“. Светската премиeра на моделот ќе се одржи за време на автосаемот во Лос Анџелес, кој ќе започне кон крајот на ноември.

Како што и се претпоставуваше, новата генерација на „Wrangler“ (моделот за 2018-та) доби еволутивен дизајн. Од „Jeep“ тврдат дека аеродинамиката на автомобилот е значително подобрена.

Соопштено е уште дека новиот „Wrangler“ ќе биде понуден во повеќе различни модификации на каросеријата. Какви ќе бидат тие ќе биде познато на премиерата на моделот. Сепак, јасно е дека машината добила нова решетка на ладилникот и нови „LED“ светла. Браниците на возилото исто така се менуваат.

Што се однесува до моторите на новите „Jeep Wrangler“ и „Jeep Wrangler Unlimited“, тие исто така се чува во тајност. Според неофицијални информации, моделот ќе се нуди со два бензински агрегати – 2.0-литарски тубомотор со 4 цилиндри и 3,6-литарски атмосферски „V6“. Дизел верзијата ќе добие „V6“ мотор.

Извор: денар.мк

Студирајте на БАС
To Top