Новости

Автомобили

Mazda покажа каква ќе е следната „тројка“

„Mazda“ го претстави концептот на „Kai“ во рамките на саемот за автомобили во Токио. Како што објавија изданието „Autocar“, тоа е предвесник на следната генерација на „Mazda3“.

Димензиите на „Mazda Kai“ се должина од 4420 мм, ширина од 1855 мм и височина од 1375 милиметри. Така прототипот е со 55 мм подолг, со 60 мм поширок и за 75 мм понизок од сегашната „Mazda3“ со 5 врати. Јазот во меѓуоскиното растојание е 50 мм во корист на моделот на концептот.

Компанијата не објави никакви технички детали за прототипот. Сепак беше прецизирано дека тој е изграден на платформата „SkyActive“ и е опремен со бензински мотор од семејството „SkyActive-X“. Овие мотори ќе се стават на сериските автомобили на „Mazda“ од 2019-та година, а разликата со сегашните е дека при ниски оптоварувања нема да се користат свеќи при палењето. Во моментов дизел моторите работат на овој принцип.

Другата цел на „Mazda Kai“ е да ја покаже новата верзија на основниот дизајнерски стил на брендот „KODO“. Тој исто така, ќе се користи за изградба на идните јапонски модели.

Извор: denar.mk

Студирајте на БАС
To Top