Новости

Интервју

Алек Паллада: Жените се почесто се одлучуваат за трансформација на изгледот

Последниве години Македонките сè повеќе вложуваат во својот изглед. Во таа насока, без разлика на возраста, секоја жена сака да има убаво стокмена фризура и секако беспрекорна шминка, која многу често навистина знае да направи чуда.

Со Алек Паллада поразговаравме за моменталните трендови и побаравме повеќе совети кога станува збор за оваа сезона есен/зима.

Ш: Кои се трендовите на фризури за оваа есен?

А.П: Оваа есен ќе ги издвоиме светлите златно-розеви бои заедно со изстепенувани врвови на било која должина. Ќе ги занемариме на кратко балајажите и рамните потстрижувања, а ќе ги истакнеме русите златно – розеви изстепенувани коси со убав и богат волумен.

Ш: Твој совет до сите девојки како да ја одржуваат својата коса да биде здрава и убава?

А.П: Со оглед на добата во која што живееме, онаа современата и истовремено многу штетна, прво и најбитно е да не претеруваат со премногу честото пеглање на косите особено без никаква заштита. Бидејќи како фризер морам да сум во тек со денешницата јас никако не ги прифатив пеглите за коса како алат што ја прави косата убава, напротив тоа е еден апарат кој што со помош на назначените 210°C (а сигурен сум дека нема пегла која во позадина не загрева дури до 280°C) на сметка на тоа сметам дека нема возможност после таков третман косата да остане здрава.

Тврдам дека косата може далеку повеќе да се оштети термички отколку хемиски (боење, белеење, деколоризирање). Убава третманска маска со дисциплинирано користење можат сите девојки да бидат со здрава коса, а поготово доколку го земат во предвид советот кој што го дадов во врска со пеглањето на косата.

Ш: Што е актуелно за овој период есен/зима?

А.П: Актуелното не значи дека секогаш е и носливо. Не можеме и да сакаме да се носиме со светските трендови и бои бидејќи во пракса и не е баш така…единствена техника која им стои да речеме на 90% од жените во светот е балајажот, бидејќи нити едно осветлување не е близу до коренот каде што го занемаруваме ефектот на бледило на самиот лик на клиентот и секако по природен изглед.

Ш: Колку нашите Македонки се расположени за трансформација, дали тоа често се бара? 

А.П: Сакаат трансформација и тоа многу почесто во последно време. Не заради трендовите во светот туку поради тоа што сакаат да се средени и почесто “нови”.

Не често бараат промена и дамите после 50-та година, каде јас искрено уживам да ја направам таа промена која најчесто не била направена 10-20 па некаде и 30 години наназад.

Ш: Препознатлив си по соработките со бројните познати јавни личностои како од домашната така и од балканската јавна сцена. Ќе ни откриеш ли нешто повеќе за твоите идни соработки?

А.П: Во моментов работам на доста проекти за нашата естрада за кои и не смеам многу да откривам. Се трудам да направам колку е можно да ги сменам некои “критериуми” на нашите пеjачки, со што се надевам дека наскоро ќе го променат мислењето на многу Македонци дека кај нас има естрада и убави и модерни пејачки и пејачи.

Ш: Што е во тренд оваа сезона, јаки тонови и впечатлива шминка или нежен изглед? 

А.П: Сепак ќе се повторам… Трендот најчесто знае да е помодарство, затоа јас препорачувам да секој го гради својот имиџ за себе да биде уникатен и препознатлив. Она што јас сакам да им кажам на нашите убави Македонки е: Бидете тоа што сте…ете тогаш сте најубави.

СН Финансии
To Top