Новости

Интервју

(Видео) Страшни звуци како од хорор филм – Паљачот за Шеталиште сведочи за ураганот Ирма

Битолчанецот Бранко Шпољариќ Паљачо, кој веќе подолго време живее во Флорида, САД ни испрати видео во кое ни ги пренесува моментите откако помина ураганот Ирма. Тој за Шеталиште вели:

„Само што се доближа до Тампа кон 21.45 часот почна да дува силен ветер со дожд ( Дејтона е на иста паралела само на источниот брег) и одма снема струја… Појќе од 10 сати силно дуваше, врнеше , чукаше… Страшни звуци цела ноќ како од ефекти од некој хорор филм… Не застана ни една секунда… На моменти мислиш цела куќа ке ја откорни и крени во воздух… За среќа источниот брег беше опфатен само со крајот на вртлогот ( окото- епицентарот беше кај Тампа- на западниот брег) и силата падна на 2 ра категорија… Инаку ќе имаше многу поголеми последици и штета…“

СН Финансии
To Top