Новости

Интервју

Интервју со Анкица Мицковиќ, менаџер на Le Grand Casino – Битола

Како е да се биде жена менаџер на казино? На ова прашање, но и други поврзани со нејзината работа ни одговара Анкица Мицковиќ, менаџер на LE GRAND KASINO. Таа ни открива како успева да се сноси со сите одговорности што и ги носи работната позиција и најбитното, како успева да се посвети на нејзиниот приватен живот.

 

Шеталиште: Да се биде менаџер на казино не е вообичаена работна позиција во Македонија. Како започна се?

Анкица: Како родена скопјанка во 1970 (не си ги кријам годините) детството ми беше исполнето со игра и смеа како и сите деца во тоа време, секако, без таблети, мобилни и интернет. Откако завршив средно во „Никола Карев“ отсек биотехнологија, се запишав Земјоделски Факултет. Во втора година имав проблем со еден предмет, никако неможев да го положам. Бев многу нервозна и отидов во еден кафуле на кафе со еден колега да си ги кажеме маките од испитот. Додека седевме, случајно во весникот кој беше оставен на маса видов оглас за крупиери, и од љубопитност се пријавив на обуките. Немав никакви очекувања, ниту гледав некоја иднина во таа работа во тоа време, ама ете, од 20 пријавени ученици(курсисти) низ процесот на учење и тестирање, останавме само 5. До 1995 работев во 6 казино во Македонија и надвор, за да во таа година ми се пружа шанса да работам во едно од најреномирани казина во тоа време, Le Grand Casino како крупие. Во 1998, ме назначуваат како Pit Boss (шеф на смена). И од тогаш, еве ме, јас и Le Grand, во животна љубов …а да, факултетот го завршив после 20 години.

Шеталиште: Како поминува еден работен ден? Дали успевате да се сносите со сите одговорности?

Анкица: Секој работен ден е невообичаен, сосема различен од претходниот. Ако не се организираш добро, тогаш имаш проблем, посебно ако земете во предвид дека истовремено работите со луѓе и пари. Од утринските часови имаме мала раздвиженост па и не е толку тешко. Но, попладне почнуваат вистинските предизвици. Но однапред сме спремни како тим. На пример во Среда кога имаме LADY’S NIGHT знаеме дека метежот започнува од 19 часот. Замислете, одеднаш имате 100 жени кои се желни за забава и игра во казино влегуваат во речиси помалку од 5 минути. И покрај нашето искуство ние немаме однапред зададена задача и не знаеме колку и какви гости ќе имаме. Секој момент е различен. Како казино во кое имаме игра во живо, секоја поделена карта или свртено топче на било која маса дава многу различни моменти кај нашите гости и кај нас. Сепак, за сите овие предизвици лесно наоѓаме решение, затоа што имаме тим од професионалци со кои заедно си помагаме секојдневно и без кои јас не можам да го замислам денот. Само благодарение на таквата работа, растеме секојдневно и се надградуваме низ процесот на секојдневната работа. Најбитно од се за нас е секој гостин, без разлика од резултатот на играта, тој да биде задоволен од поминатото време во нашиот објект.

Шеталиште: Која е Вашата мотивација?

Анкица: Мотивација – Ќе се повторам од претходно, задоволни гости. Од таму започнува СЕ. Потоа гледаме нашите услуги да ги подобриме на секој можен начин со што нашиот тим расте се повеќе и повеќе па некако се мотивираме кој подобро ќе реши одредени ситуации.

Шеталиште: Како успевате да се посветите на Вашиот приватен живот?

Анкица: Кога сите работи и луѓе ќе се постават на свое вистинско место и ќе се разграничат битни од небитни работи, лесно се функционира и приватно и професионално. Наоѓам време за се, а со оглед на тоа дека имам привилегија како вработен во Le Grand Casino да го користам Спа Центарот во Хотел Епинал… хмммм, што друго би било по привлечно за една жена од тоа, а?

Шеталиште: Што би им препорачале на останатите жени, како да бидат успешни во својата работа?

Анкица: Ох, да го знаев клучот и упатството за успехот ќе напишев прирачник. Пак ќе кажам, лесно е да се успее во Le Grand Casino, затоа што тимот стои секогаш со вас, и кога вас не ви е денот тие се тука да те поддржат во се.

 

СН Финансии
To Top