Новости

Интервју

Како да бидете здрави и фит – Интервју со Александра Оровчанец од фитнес центарот „АНА-ФИТ“

Прилепчанката Александра Оровчанец која повеќе од 10 години се занимава со спортот, сега е сопственик на својот фитнес центар „Ана Фит“ каде што им овозможува на спортистите место каде што ќе можат да вежбаат и да го одржуваат своето тело, да бидат здрави и фит.

Атмосферата и професионалниот тим ја комплетираат целата приказна на овој Фитнес Центар.

Во продолжение проследете го ова интервју за да видите како Александра започнала да се занимава како фитнес инструкторка, нејзините искуства и вештини.

Ш: Ако треба да дефинираш што работиш, што би рекла?

А.О: Јас ги инспирирам и поттикнувам луѓето да живеат поздраво, со тоа тие зајакнуваат и стануваат посилни и кога ќе успееме во овие две работи ние сме успеале не само да живееме, туку да живееме посреќно.

Ш: Како започна твојата кариера како фитнес инструктор?

А.О: Целиот мој живот сум физички активна. 10 години бев атлетичарка, репрезентативка на Македонија и сеуште сум рекордерка на Македонија во дисциплината 3.000м steeplechase.

Сакам да истакнам дека сум дипломиран професор по физичко образование, спорт и здравје.

Што значи тоа е мојата струка и нескромно ќе кажам дека сум една од ретките кои се издвојува со својата стручност како и на едукативен план така и преку практичниот дел. Исто така сакам да истакнам дека моето надоградување не застана со завршувањето на факултетот, напротив се надоградувам постојано, а тоа го докажуваат сите мои сертификати.

Ш: Кои искуства, вештини и сертификати те прават уникатна?

А.О: Покрај тоа што имам завршено Факултет за физичко образование, спорт и здравје, постојано се надоградувам со посета на многу семинари и аеробик конвенции како во државата така и надвор од неа кои се водени од едни од најдобрите интернационални фитнес презентери.

Меѓу најважните сертификати кои би сакала да ги издвојам се следните:

Сертификат за “FUNCTIONAL TRAINING”, “AEROSTEP – KOREOGRAFISANJE U AEROBIKU I STEP AEROBIKU”, “TEHNIKA I METODIKA TAE-BO AEROBIKA”, “ZASHTO I KAKO PRIMENITI VEZBE RASTEZANJA I PROPRIOCEPCIJE?” и други.

Долгогодишното искуство како професионална атлетичарка и работата со искусни тренери ми помогна да ги водам часовите на врвно ниво.

Ш: Каков вид на групни фитнес активности нудиш?

А.О: Не се сложувам дека со здраво тело имаме само здрав дух. Сметам дека тоа е и обратно пропорционално.

Така да сакам да истакнам дека на тренинзите со девојките не само што работиме на зајкнување на нивната физичка форма, туку работиме и на зајакнување на менталниот дел. Постојано ги мотивирам и им ги пренесувам сите мои животни искуства како да ги преточат и во нивни успех.

Инаку да се навратам на физичкиот дел,  нашите тренинзи се сочинуваат од Степ аеробик, hi-low аеробик, пилатес и за најспремните functional training. Часовите се комбинирани, значи работиме кардио и вежби за сила, рамнотежа и флексибилност.

Ова е добитната комбинација за остварување на предвидените фитнес цели.

Ш: Во што се разликуваш од останатите фитнес инструктори кај нас? 

А.О: Да бидам искрена со огромна почит за сите мои колеги и колешки, стручноста како и квалитетот, знаењето и како што предходно кажав сите мои досегашни успеси и тоа што имам завршено Факултет за физичко образование, спорт и здравје ме издвојува од нив.

Ш: Дали мислиш дека луѓето полека стануваат свесни дека треба повеќе да се грижат за своето здравје и да бидат повеќе физички активни?

А.О: Да. Дојде време каде секое трето дете има прекумерна тежина, има деформитети во ‘рбетниот столб како што се кифоза, лордоза и сколиоза, живееме во прилично стресно време, а стресот е причинител на 80% од болестите, па така се повеќе луѓе стануваат свесни за важноста на физичката активност во нивниот живот.

Покрај тоа со вежбањето се зголемува нивото на ендрофин, допамин и серотин, се подобрува имунитетот, регулирањето на системот за варање, исходот во бременоста, се постигнува кардиоваскуларен профит,се зголемува колатералната цирулација, се зголемува одговорот кон азотниот оксид, се подобрува профилот на липиден ризик, се подобрува метаболизмот на липидите и јагленихидратите, се намалува потребата за кислород на миокардот како одговор на апсолутното зголемување на обемот на работа (пониски се пулсот и крвниот притисок) и многу други придобивки.

Ш: Дали и како го следиш здравјето кај вежбачите?

A.O: Здравјето на вежбачките пред почетокот, а и во текот на вежбањето континуирано го контролира Д-р Радмила Јорданоска- специјалист интернист која поседува софистицирана апаратура и долгогодишно искуство во областа со што мојот фитнес центар се издвојува како една професионална установа, а не како рекреативен центар ако би можела така да се изразам.

Ш: Дали предност му даваш на квантитетот или квалитетот?

А.О: Квалитетот дефинитивно! Многу внимавам на правилна изведба на вежбите и правилно дишење, тоа ми е поважно отколку бројот на повторувања, но квалитетот се состои и во одличните услови кои што ги имаме.
Сакам да истакнам дека моето фитнес студио е според највисоки стандарди, постојано топла вода со што се овозможува девојките после секој тренинг да ги искористат туш кабините. Исто така имаме соблекувална со шкафчиња и клуч за секоја од девојките. Имаме подлога која е една од најквалитетните и најсофистицирани што постојат на пазарот, а тоа е битно поради тоа што оневозможува и заштитува од било каква повреда.

Ш: Колку е важно фитнес инструкторот да биде квалификуван?

А.О: Според мене тоа е најважно бидејќи доколку фитнес инструкторот нема соодветно образование (диплома од Факултет за физичко образование, спорт и здравје), ги нема изучувано предметите како што се: функционална анатомија, антропомоторика, кинезиолошка антропомоторика, физиологија, медицина на спортот, кинезитерапија и слично (кои се изучуваат само на овој Факултет) не може да води соодветна грижа за вашето здравје и правилниот развој на вашето тело.

Ш: Колку е важна исхраната?

А.О: Исто колку и вежбањето. Здравата исхрана со вежбањето одат рака под рака. Тоа е начин на живот, а не само рутина која ја обавуваме неколку дена во неделата или во одреден дел од денот.

Ш: Каков совет би има дала на сите оние кои сакаат да започнат да го подобруваат нивниот начин на живот, но не знаат како?

А.О: Обратете се кај квалификуван фитнес инструктор тој знае најдобро како постепено да започнете да се грижите за вашето здравје.

Ш: Што е она што те мотивира?

А.О: Најмногу ме мотивира тоа кога ќе се пробудам наутро. Тоа е доказ дека правилно сум го поминала предходниот ден и ми дава мотив ништо да не погрешам во денот што следи.

Па така да  сакам да извојам еден мој омилен цитат кој постојано ме мотивира а истото им го пренесувам и на моите девојки, а тоа е:

“Вистинското вежбање започнува кога ќе сакаш да застанеш”

Мојата мотивација е можноста да им помагам на што е можно повеќе луѓе да го подобрат и одржат здравјето и психофизичкиот развој. Ја пренесувам и допирам што е можно повеќе кај моите девојки и исто така користам најразлични методи.

Нешто што сакам да издвојам е тоа што кај таа девојка која во период од 30 дена има најголем успех како награда следува следниот месец да ги посетува часовите без парична надокнада. Но тоа не е најбитната награда. Финансиската мотивација и не им е толку битна на девојките. Тоа за што тие најмногу се носат е т.н. WINNER маичка која што како награда ја доделувам на најдобрата. Со тоа не само што им покажале на другите дека се победници, си покажуваат пред себе дека се вистински победници и дека можат и повеќе во иднина.

Ш: Како можат да те најдат сите оние кои сакаат да го подобрат  своето здравје?

Достапна сум на социјалната мрежа фејсбук на следниот ЛИНК или на АНА ФИТ како и на следниот телефонски број 072/315-622.

Бидете убави, здрави и фит со помош на „АНА – ФИТ“ Центарот. 

 

СН Финансии
To Top