Новости

Мода и убавина

Ќерката на Донатела Версаче го наследи богатството на убиениот Џани – а сакаше само едно…

Серијата „Американска криминалистичка приказна: Убиството на Џани Версаче“ го потсети светот на смртта на креаторот, но и фрли ново светло на неговото семејство.

Иако поголемиот  дел од луѓето мислеа дека после неговото убиство во јули 1997 година, богатството го наследи помладата сестра на Џани, Донатела Версаче, вистината е дека Донатела после смртта на брат и доби само 20 отсто од акциите од неговата компанија. 10 отсто повеќе доби братот Санто, додека 50% од акциите Џани и ги остави на својата внука Алегра, ќерката на Донатела.

Алегра Версаче Бек имаше само 11 години кога е убиен нејзиниот вујко, а тоа само ги докомплицира веќе несредените семејни односи.

Сé кулминирало во 2010 година коха Алегра наполнила 18 години и преку ноќ добила 800 милиони долари. Медиумите почнале да се занимаваат со нејзиниот живот, а првите фотографии на младата наследничка го шокираа светот. Алегра во тоа време имала само 32 килограми. Откако се кренала прашина, нејзината мајка, која и самата на модните писти форсираше преслаби манекенки и околу тоа цел живот се расправаше со брат и, ја пратила Алегра на лечење. Во јавност излегла информација дека Алегра ја хранат со цевка.

„Мојата ќерка е во тешка состојба, веќе години боледува од тежок облик на анорексија и многу сме загрижени. Лекарите прават се за да и помогнат,“ изјавила Донатела.

Денес 31-годишната наследничка е невозможно да се види во јавност, иако наводно се опоравува од анорексија. Последното интервју го дала откако ја наследила компанијата на нејзиниот вујко.

 

„Најмногу од се сакав една работа – да бидам никој, непрепознатлива, да не ме ловат. Сепак, каде и да одам, бев Версаче. Не можев да побегнам и тоа ми направи штета. Го мразев Лос Анџелес,“ рекла Алегра.

Открила и како изгледа борбата со анорексијата од нејзина перспектива.

„Со години живеев во мрак. Не се сеќавав на ништо пред тој страшен ден. Дури заборавив и како изгледаше. Тогаш ми се вратија сеќавањата…Емоции и среќа и конечно исчезна празнината која ме плашеше“, рекла таа.

index.hr

GOLD
To Top