Новости

Мода и убавина

Ева Лонгорија: Доказ дека не треба прескап фустан за да изгледаме феноменално!

Филмската ѕвезда прекрасно се забавуваше на вечерна забава и изгледаше неодоливо.

Но, и покрај фактот дека секој нејзин чекор е следен од папараците, таа се појави во скромен аутфит. Црн краток фустан со детали од изработена чипка кај деколтето и на долниот дел, кој не чинеше нити 69 долари. Овој модел таа го искомбинира со црни потпетици и исто така црна чанта. Не премногу, за да изгледа сензуално, неодоливо и слатко.

Иако таа има богатство за да си ги овозможи и најскапите парчиња облек, таа овој пат зрачеше пред светлата на фотографите со скромност и уште еднаш пренесе силна порака дека најважно за една жена е да се чувствува убаво во она што го носи, а не тоа да го носи неа.

Моќта е во однесувањето, самодовербата и насмевката, а не во брендот и скапите алишта.

GOLD
SN Finansii
To Top