Новости

Мода и убавина

Есенски идеи за комбинации на чизми, чанти и здолништа

Боите на есента се можеби најголемата инспирација за модните дизајнери, креатори, блогерки. Но, зошто да не бидат и за вас! Во продолжение погледнете го нашиот избор на есенски бои и комбинации кои се надеваме дека ќе ве испирира и вас.

Боја на вино

Чизмите високи до колена ги издолжуваат вашите нозе и сеуште се ин. Но, со оваа боја го дуплирате ефектот. Не само што ќе изгледате визуелно повисоки, туку и ќе бидете неодолива модна икона над есенскиот моден килим.

Принтот на леопард

Можеби оваа шара е малку нападна, но само ако е прекумерна и се наоѓа на целото вашето тело. Затоа принтот на леопард или останатите зебрести, тигрести и слични можеби нападни шари, убаво е и дискретно да ги имате само на модните додатоци како што се чизмите и чантите. Овие принт – асесоари, препорачливо е да ги искомбинирате со нешто еднобојно.

Зрачете во најесенски нијанси

Бојата на тула исто така е актуелната и е дел од огромната палета на есенски бои. Трендот со чорапот како додаток над чизмите, е оној по кој полуди целиот моден свет, па доколку ви се допаѓа истиот и ги следите идеите на модните критичари и дизајнери, уживајте во неговата комбинација со чизми во исти или слични бои.

Сјајни и забавни детали

Светликави чизми со некоја нијансирана боја на метал, соврешено би се вклопиле со штосно изработена атрактивна чанта со бројни детали и синџирче. Со овие модели можете да се забавувате и да не се плашите да искомбинирате здолниште во светликаво сина боја. Комбинацијата би се препорачала за вечерни прилики каде вашиот аутфит убаво „би се изјансил“ дека сте главната ѕвезда на забавата.

Модерно и опуштено

Т.н. прекршени високи чизми до над колена совршено стојат во фармерки, но модата значи и да се биде храбар и понекогаш да се прекраш правилата колку и тие да се практикуваат. Тоа е и главната поента нели? Ваквите чизми, убаво е да се искомбинираат и со миди -здолниште и чанта од крзно.

GOLD
SN Finansii
To Top