Новости

Мода и убавина

Кејт Хадсон во креација на Валентино. Би одговарал ли овој фустан на секого?

Ако си зборуваме „модно“ искрено, дискутирајќи ги најубавите и најлошите крации на свечени фустани и тоалети, ние се вљубивме во фустанот на Валентино, кој Кејт Хадсон го носеше на наградите на SAG минатата ноќ. Но, сепак би заклучиле дека стануваше збор за доста смела креација која не би прилегала баш на секого.

Бледо розовиот широк фустан на нивоа, веруваме дека не би изгледал исто на секого, но во комбинација со нејзината кратка модерна кежуал фризура, Хадсон ја освои позитивната модна критика. Изгледајќи необично и екстравагантно, а истовремено и елегантно, фустанот на Валентино освои многу „поени“ и од оние остроумните професионални модни критичари.

Кејт присуствуваше на настанот со нејзината мајка, холивудската легенда Голди Хоун, која, исто така, изгледаше воодушевувачки во креција од Моник Лалејер.

Двете девојки сјаеа на настанот и уште еднаш блеснаа во својата уникатност, потсетувајќи не дека секоја од нас треба да има свој единствен стил кој ќе се разликува од другите.

 

To Top