Новости

Мода и убавина

Кои ќе бидат најпосакуваните маникир трендови за оваа пролет 2018?

Разгледувајќи ги модните ревии за пролет / лето 2018, успеавме да ѕирнеме малку подлабоко и да откриме кои се основните трендови кои ќе владеат, штом станува збор за маникир.

1. Металик зелени нокти
Металната боја е многу популарна штом станува збор за т.н. декоративна козметика. Таа во моментов е голем тренд кој ќе се носи оваа пролет, не само на парчињата облека кои ќе го одбележат нашиот пролетен аутфит, туку и на ноктите. Заедно со шминката во иста боја, лакот за нокти исто така ќе биде популарен. Њујоршката Модна недела веќе го истакна, металик – зелениот лак за нокти кој беше прикажан на ревијата „Chiara Boni La Petite Robe“. Со оглед на тоа дека зелената боја потсетува на будењето на природата и пролетта, оваа боја заслужува да биде една од најпопуларните во претстојната сезона.

2. Софистицирани беж нокти
И покрај трендовите кои сугерираат и наметнуваат некои нови смели бои секоја сезона, неутралните бои на лакови за нокти сè уште се најбарани. Жан-Пол Gaultier предлага софистициран беж лак за пролетта 2018 година, кој ќе ги разубави ноктите на пристоен начин, како што може да се види на модната Недела во Париз.

 

3. Женски темноцрвен маникир
Според Шанел пак, гламурот се постигнува со комбинирање на темноцрвен и транспарентен лак на рабовите, со комбинирани метални детали. Женствено, страсно и елегантно.

4. Впечатливи црни нокти
Црниот лак за нокти е некако поврзан со постудените месеци од годината, но според Жан-Пол Готје, црниот лак е идеален и за пролетта и летото. Францускиот дизајнер предложи овој маникир да се комбинира со помасовен сребрен накит, прстени и нараквици за да се максимизира црната елегантна боја.

5.  Проѕирен лак украсен со црни и сребрени точки
Трендот што посебно ќе им се допадне на помладите жени, што е наменет за пролет / лето 2018 година, го предлага модната куќа Ели Сааб. Овој маникир за нокти Сааб предлага да се носи во опуштени кежуал денови, но исто така би одговарал и за вечерни прилики.

 

GOLD
SN Finansii
To Top