Новости

Мода и убавина

Кралските фустани низ годините – инспирација за Меган Маркл

Светот ги одбројува деновите до свадбата на принцот Хари и Меган Маркл која е закажана на 19 мај. Целото внимание е завртено кон идната принцеза, но највозбудливото прашање во врска со венчавката е поврзано со изборот на дизајнот на невестинскиот фустан на Меган.

Каков ќе биде фустанот сеуште не знаеме, а додека се прашуваме, решивме да и дадеме идеја на идната невеста, потсетувајќи со фотографии од поранешните фустани на кралиците низ годините.

Елизабет Анџела Маргарет Боус-Лион (мајка на кралицата) на свадбата со кралот Џорџ VI во 1923 година, носеше наметка од свила дизајнирана од тогаш познатата Мадам Хендли Сејмур.. Изборот на превез кој ја покри целата нејзина глава беше доста невообичаен и смел потег.

Принцot Хенри (војводата од Глостер) стапил во брак со тогашната дама Алис Даглас Скот (подоцна принцезата Алис, војвотката од Глостер). На приватна церемонија во 1935 година, војвотката избра да носи бисерно бела венчаница дизајнирана од Норман Хартнел, со изработени цветови над деколтето и кристална Шапка со превез.

Кралицата и принцот Филип се венчаа во 1947 година. Таа е позната по нејзиниот класичен впечатлив стил, а на нејзината свадба, кралицата носела свилен фустан во боја на слонова коска. Истиот бил дизајниран од Норман Хартнел и бил извезен со 10.000 бели бисери, сребрени детали и апликации, како и пенливи кристали и транспарентна апликација од везен тул.

Принцезата Маргарет се омажи со Ентони Армстронг-Џонс во 1960 година, облечена во фустан од свила и органза дизајниран од Норман Хартнел и Полтимор Тиара.

Војводата од Кент се ожени со Кетрин Ворсли во 1961 година. Ирскиот лондонски куттурист Џон Каванах ја дизајнираше oваа венчаница која имаше долги ракави и огромно полно здолниште. Невестата ја носеше Керал Дијамант и Тиара, за која се верува дека е преработено парче од колекцијата на кралицата Марија.

Принцот Чарлс се венча со својата прва сопруга леди Дијана Спенсер во 1981 година. Принцезата Дијана носеше фустан со боја на слонова коска и материјали од свила, тафт и чипка, со драматичен долг вел, направени од страна на Дејвид и Елизабет Емануел. Големите надуени ракави и целото здолниште станаа популарен стил, па невестите на 80-тите години се обидоа да ја копираат.

Принцот Чарлс се ожени со втората сопруга Камила Паркер-Боулс во 2005 година.  Невестата носеше извезено бледо сино и златно палто над шифон-фустан ог дизајниран и златни пердуви во нејзината коса.

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се венчаа во 2011 година, а нејзината венчаница сега стана една од најпознатите и најпосакувани модели. Беше дизајнирана од Сара Бартон, со долги ракави, од сатен и свилено здолниште. Мидлтон на главата носеше традиционална тијара и робинзонски Pelham дијамантски обетки.

Студирајте на БАС
To Top