Модел на фустан кој одговара на секоја фигура! - Шеталиште

Новости

Мода и убавина

Модел на фустан кој одговара на секоја фигура!

Познатата модна дизајнерка Дајана вон Фурстенберг скоро го прослави нејзиниот 71-ти роденден, а во таа прилика и во нејзина чест, би го споменале фустанот на преклоп кој ја прослави (или “wrap up dress”  на англиски).
Познатиот модел со пеклоп првпат се појавил во 1930-тите години во работилницата на италијанскиот дизајнер Елса Скиапарели, а во 40-тите дизајнерот Клер Мекардел го донел и кај американскиот пазар.

Сепак, фустанот не доживеал значителен успех се до 1970-тите кога со малку измени и новитети го експонирала Дајана.

Ние ви го нудиме и сугеираме за ваквиот модел кој зрачи со сексабил, сензуалност и максимално ги истакнува облините на вашата фигура. Притоа одговара на секој конфекциски број. Погледнете ја нашата галерија и модно инспирирајте се со моделот на Дајана. А доколку потоа, одлучете да го имате во вашиот плакар, верувајте, нема до погрешите.

 

To Top