Новости

Мода и убавина

Модна зимска инспирација – дебелите шалови секогаш ин!

Знаеме дека со нетрпение ја очекуваме пролетта. Нека дојде што поскоро, па да го соблечеме тој добар тон алишта од слоеви над нас што ни тежи па да си облечеме само еден комотен фустан и…

Но, сепак, да се соочиме. Сеуште е зима, а штом зборуваме за зимата во модниот свет, па и не е толку лошо.

Дебелите шалови со различни плетки и големини, кежуал изврзани или суфистицирано и елегантно наместени, се чини дека никогаш нема да излезат од мода. Ем топло, ем модерно. Погледнете како убавите модни блогерки го изведиле тоа. Се надеваме дека ќе ја добиете вашата нова модна зимска инспирација!

Облечете се топло, заврзете шал и уживајте во снежни денови.

GOLD
SN Finansii
To Top